Папата во пораката до надбискупот на Париз: Верниците се градители на новото човештво

Папата во пораката до надбискупот на Париз: Верниците се градители на новото човештво

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, папата Фрањо испрати порака до надбискупот на Париз монс. Михел Опетит и до сите верници, повикувајќи ги да бидат градители на новото човештво вкореното во Исус Христос.

Париската надбискупија ги повика верниците на 15 август точно четири месеци после пожарот кој избувна доцна попладнето на 15 април и кој ја уништи катедралата Нотр Дам во Париз да дојдат на мостот Сент-Луис со цел од тоа место да се појде на традиционалната процесија во чест на Дева Марија. Неколку стотици верници така држејќи во раката Бројаница и пеејќи Радувај се Маријо тргнаа кон црквата Свети Сулпициј во која надбискупот монс. Михел Опетит ја предводеше светата Литургија.

По тој повод папата Фрањо до учесниците испрати порака која ја потпиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, во која на сите ја гарантира духовната близина. Како вистинска мајка Марија оди со нас – стои во пораката, се бори со нас и неуморно ја шири близината на Божјата љубов. Учествува во животот на секој народ кој го примил Евангелието и е дел од неговиот историски идентитет. Светиот Отец освен тоа упати молитва до Бог преку застапништвото на Дева Марија „реконструкцијата на париската катедрала да биде голем знак на повторно раѓање и оживување на верата кај нејзините верници. Исполнети со надеж, за своите семејства, за своите заедници и на сите места во нивниот живот ќе бидат градители на новото човештво вкоренето во Исус Христос – стои на крајот од пораката.

Збровите на Папата на крајот од светата Литургија ги прочита ректорот на катедралата монс. Патрик Шувет. Во текот на славењето надбискупот Михел Опетит го обнови според традицијата „заветот“ на царот Луј XIII кој на 10 февруари 1638 година Франција ја посвети на Марија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот