Папата: Во ова тешко време Адвентот е голема надеж

Папата: Во ова тешко време Адвентот е голема надеж

Поздравувајќи ги верниците на различни јазици, на крајот од Генералната аудеинција во среда 25 ноември 2020 година, папата Фрањо ги повика да посветат време на молитвата, вдахновени од седмиците кои претходат на Божиќ.

Надежта во вистината која спасува, светлината посилна од темнината, одењето кое ги преобразува срцата – сето тоа е Адвент, а папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција сакаше да ја потсети Црквата во целиот свет за важноста на литургискиот период, кој започнува за неколку дена.

Во овие тешки времиња за многумина, да се обидеме да ја откриеме големата надеж и радост, која ни ја дава доаѓањето на Божјиот Син во светот – рече Папата на француски јазик. Обраќајќи се на италијанските верници истакна дека неодамнешниот празник Христос Цар покажува дека Христос нѐ ослободи од моќта на темнината, како би не вовел во своето Царство и од нас направи веродостојни сведоци на вистината која спасува. На верниците од англиското говорно подрачје Папата рече дека во текот на четирите седмици од Адвент, со кој започнува литургиската година, Христовото светло може да ги осветли нашите патишта и да ја растера темнината од нашите срца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот