Папата во Краков се сретна со своите собраќа

Папата Фрањо на 30 јули 2016 година попладне ги посети Исусовците во Краков. Се работеше за половина час средба надвор од програмата во едноставно и семејно опкружување.

Тој ги поздрави поединечно сите собрани Исусовци и истакна дека не сака да држи никаков говор, туку со нив да разговара дозволувајќи им да поставуваат прашања – можност која собраќата на Папата со задоволство ја искористија.

Го прашаа за значењето на универзитетската работа во Дружбата на Исусовците и работата на подрачјето на културата. Папата рече дека нивното залагање треба да биде многу силно, но и дека треба да биде „во излегување“. Им предложи блискост со маргинализираните и да се чуваат од „либерализмот кој во центарот ги става парите, а не човекот.“ Исто така зборуваше за свештеничкото служење. „Денес постои опасноста свештеникот кој не е добро формиран да биде премногу бел или премногу црн, да работи едноставно механички применувајќи ги нормите. Наместо тоа – рече Папата – важно е да се расудува што треба да биде во срцето на пасторалниот живот. Затоа треба да се помогне на свештениците и богословите во духовното расудување и таа е една од основните задачи на Дружбата на Исусовците денес – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот