Папата во Казахстан: Никогаш не се навикнувајте на војна

Папата во Казахстан: Никогаш не се навикнувајте на војна

На крајот од светата Литургија во среда 14 септември 2022 година во Нур-Султан, папата Фрањо се помоли за сите области во светот погодени од војна и повика на дијалог на патот кон мирот и сите да им помогнат на оние кои страдаат.

На вториот ден од неговото тридневно апостолско патување во Казахстан, по евхаристиското славење во Експо Граундс , папата Фрањо испрати неколку зборови на благодарност, заблагодарувајќи му се на надбискупот Томас Пета за неговиот говор и оддавајќи признание за напорите направени во подготовката за неговата посета, се заблагодари и на граѓанските и верските власти на централноазиската земја и на сите присутни.

„Ве поздравувам сите вас, браќа и сестри, а посебно оние кои дојдовте од други земји на Централна Азија и од далечните краишта на оваа огромна земја“, рече Папата. „Со голема љубов ги благословувам старите и болните, децата и младите.

Папата Фрањо го истакна чувството на духовно заедништво со националното светилиште на кралицата на мирот во Озиорно на празникот Воздвижение на Чесниот Крст што се празнува на овој ден. Тој потсети дека на големиот крст во Националното светилиште се испишани зборовите „Благодарност до народот на Казахстан“ и „Мир на човештвото“.

Вдахновен од тие зборови, Светиот Отец рече дека „благодарноста до Господа за светиот Божји народ кој живее во оваа голема земја, заедно со благодарноста за нивната посветеност на промовирање на дијалогот, станува молба за мир, мир по кој копнее нашиот свет“.

Светиот Отец потоа ги насочи своите мисли кон сите области на светот разорени од војна, особено Украина, барајќи никогаш да не се навикнеме на војна или да се помириме со нејзината наводна неизбежност.

Во оваа прилика папата Фрањо ги повика сите да помогнат на оние кои страдаат и да инсистираат да се вложат вистински напори за постигнување мир, истакнувајќи и дека деновиве има извештаи за насилство во регионот на Кавказ. „Единствено решение е мирот, а единствениот начин да се постигне мир е преку дијалог“, истакна Папата.

„Што повеќе треба да се случи и уште колку смртни случаи ќе бидат потребни пред конфликтот да отстапи место за дијалог за доброто на луѓето, народите и на целото човештво?

На крајот, папата Фрањо ги повика сите да се молат за светот да научи да гради мир, вклучително и со ограничување на трката во вооружување и пренасочување на огромните суми потрошени за војна во конкретна помош за луѓето. Им благодарам на сите што веруваат во тоа“, рече Папата.

„Благодарам на сите вас и на сите оние мажи и жени кои се предвесници на мирот и единството!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот