Папата во Ирак: Доаѓам како поклоник на мирот во името на Христос, Кнезот на мирот

Папата во Ирак: Доаѓам како поклоник на мирот во името на Христос, Кнезот на мирот

Обраќајќи им се на властите и граѓанското општество, Поглаварот на Католичката црква ја истакна важноста на солидарноста и заедничките напори на сите компоненти на општеството за градење мир, што бара, во исто време, еднаквост на сите граѓани, без дискриминација заснована на вера или етничка припадност.

„Доаѓам како покајник, барајќи прошка од небото и од моите браќа за многу уништувања и суровости. Доаѓам како поклоник на мирот во името на Христос, Кнезот на мирот“, рече папата Фрањо во својот прв говор на ирачко тло, кој го одржа на 5 март 2021 година, за време на средбата со државните претставници, дипломатскиот кор и граѓанското општество.

По официјалната средба на аеродромот во Багдад со присуство на премиерот, Поглаварот на Католичката црква пристигна во Претседателската палата, каде се одржа официјална церемонија за пречек, што вклучуваше интонирање на химните и претставување на делегациите. Наместо вообичаената пракса во вакви случаи за воените почести и поздрав со оружје, беа пуштени бели гулаби како симбол на мирот. Следуваше куртоазна средба со шефот на државата, која вклучуваше приватен разговор и запознавање со семејството. Потоа, во големата сала на палатата се одржа средба со претставници на властите, дипломатскиот кор, претприемништвото, граѓанското општество и светот на културата.

Со заеднички напори надминете ја кризата

Говорејќи по претседателот Барам Ахмет Салих, Папата рече дека е воодушевен што ја оствари оваа „долгоочекувана и посакувана посета“ на земјата, која преку патријархот Авраам и бројните пророци е поврзана со историјата на спасението и големите верски традиции. Тој истакна, пред сè, дека ова патување се одвива во време кога целиот свет се обидува да ја надмине кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, која не само што влијаеше на здравјето на многу луѓе, туку ги влоши и социјалните и економски услови.

„Оваа криза бара заеднички напор од сите и да се преземат многу неопходни чекори, вклучително и правична распределба на вакцината. Но, ова не е доволно: оваа криза е, пред сè, повик да се преиспитаат нашите животни стилови, смислата на нашето постоење“, рече Светиот Отец, цитирајќи ја енцикликата Fratelli Tuti.

Религиозната разновидност е вреден ресурс

Светиот Отец потсети на страдањето на Ирак од војни, тероризам и конфликти поради фундаментализмот во текот на изминатите децении, кои не само што предизвикаа материјална штета, туку исто така предизвикаа „рани во срцата на многу луѓе и заедници, кои зараснуваат со години.” Во овој контекст, тој конкретно ги спомна Јазидите, „невините жртви“ прогонувани поради нивната верска припадност. Според него, за да се остави подобар свет за идните генерации потребен е „ефикасниот процес на обнова“ и покрај разликите, да се гледаме едни на други како „членови на исто семејство“.

„Во овој поглед, верската, културната и етничката разновидност што го мачеше ирачкото општество со илјади години е вреден ресурс што треба да се искористи, а не пречка за да се отстрани. Денес, Ирак е повикан да им покаже на сите, особено на Блискиот Исток, дека разликите, наместо да предизвикуваат конфликт, мора да се работи соживот и заедништво во јавниот живот“, рече Светиот Отец.

Инспирирајте се од солидарноста

Папата истакна дека братскиот соживот бара „искрен и трпелив дијалог, заштитен со правда и почитување на законот“. И оваа задача не е лесна и бара напор од страна на секој за да се „надмине ривалството и конфронтацијата“ и да може да комуницира врз основа на сопствениот идентитет. Затоа Светиот Престол „неуморно ги повикува надлежните органи да им дадат признание, почитување, права и заштита на сите верски заедници“.

„Општество кое носи белези на братско единство е општество во кое членовите живеат солидарно едни со други“, продолжи Светиот Отец, нагласувајќи дека свеста за одговорноста за другите треба да ги поттикне потребните напори и во економијата и во образованието и во грижата за создадениот свет. „По кризата, нема да биде доволно обновата, тоа треба да се направи добро: за да може секој да има пристоен живот“, рече тој, додавајќи:

„Како политичари и дипломати, вие сте повикани да го промовирате овој дух на братска солидарност. Неопходно е да се бориме против злото на корупција, злоупотребата на моќ и беззаконието, но тоа не е доволно. Во исто време, потребно е да се изгради правда, да се грижи за растот на чесноста, транспарентноста и да се зајакнат институциите кои се создадени да се грижат за тоа. На овој начин, стабилноста може да расте и да се развие здрава политика што може да им понуди на сите, особено на младите, кои ги има многу во оваа земја, надеж за подобра иднина“.

Повикани да градат мир

Папата Фрањо рече дека доаѓа како „покајник кој бара од небото и од своите браќа прошка за бројни уништувања и злосторства“, како „поклоник на мирот во името на Христос, Кнезот на мирот“. Тој истакна дека во текот на овие години „многу се молевме за мир во Ирак“, а Свети Иван Павле II. не штедеше на иницијативи и, пред сè, „принесуваше молитви и страдања“.

“И Бог слуша, Бог секогаш слуша! Ние сме тие што мора да го слушаме, да одиме по Неговите патишта. Оружјето нека молчи! Неговата дистрибуција нека биде ограничена тука и насекаде! Нека престане потрагата по парцијални интереси, надворешни интереси, кои не се во интерес на локалното население. Нека им се даде глас на градителите, занаетчиите на мирот! Мали, сиромашни, едноставни луѓе кои сакаат да живеат, работат, да се молат во мир. Доста е насилство, екстремизам, поделби, нетолеранција! Нека им се даде простор на сите граѓани кои сакаат заедно да ја градат оваа земја во дијалог, во искрена и чесна, конструктивна споредба, со оние кои се грижат за помирувањето и се подготвени да ги остават настрана своите интереси за општо добро“, рече Папата. Според Светиот Отец, меѓународната заедница исто така игра важна улога, бидејќи предизвиците „бараат глобална соработка“ за надминување на економската нееднаквост и регионалните тензии. Оттука и упати благодарни зборови до државите и меѓународните организации кои се грижат за реконструкција и помош на бегалците, како и желбата другите земји „да не ја тргаат раката на пријателство пружено на ирачкиот народ“, но да продолжат со соработката без да им се наметнуваат нивните сопствени политички и идеолошки интереси.

Придонесот на Црквата

Во светло на ова, Светиот Отец додаде дека религијата „по својата природа“ треба да служи на светот и братството и дека Божјото име не може да се користи за да се оправда убиството, тероризмот и прогонството. Конечно, „Бог ги создаде луѓето еднакви по достоинство и права“ и „нè повикува да шириме љубов, добрина и хармонија“. Според него, Католичката црква во Ирак, исто така, се стреми да биде „пријател на сите“ и конструктивно да соработува со другите религии во градењето мир.

„Многу долгото присуство на христијаните во оваа земја и нивниот придонес во животот на земјата сочинуваат богато наследство кое треба да продолжи да им служи на сите. Нивното учество во јавниот живот како граѓани кои уживаат целосни права, слободи и одговорности ќе покаже дека здравиот верски, етнички и културен плурализам може да придонесе за просперитет и хармонија во земјата“, заклучи Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот