Папата во ДР Конго: Оставете го оружјето, прегрнете го милосрдието

Папата во ДР Конго: Оставете го оружјето, прегрнете го милосрдието

За време на Апостолско патување во Демократска Република Конго, папата Фрањо служеше света Литургија на аеродромот Ндоло во Киншаса, на која присуствуваа повеќе од милион луѓе и ги охрабри да бидат мисионери на мирот.

Положете го оружјето, прегрнете го милосрдието и бидете мисионери на мирот – повика папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше на, 1 февруари, на аеродромот „Ндоло“ во Киншаса, на вториот ден од неговото Апостолско патување во Демократска Република Конго. Светиот Отец ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во оваа земја и да биде меѓу народот на Конго.

Есенго, радост; да ве видам и да се сретнам со вас е голема радост. Навистина со нетрпение го очекував овој момент. Ви благодариме што сте тука!

Осврнувајќи се на читањето од Евангелието, во кое Исус се обраќа на своите ученици на воскресението вечерта:„Мир вам!“, Светиот Отец рече дека тие зборови биле дар што им овозможи да го остават минатото зад себе и да започнат од почеток.

Тој ден тие беа целосно запрепастени од соблазата на крстот, ранети во внатрешноста затоа што го оставија Исус и побегнаа, разочарани од начинот на кој заврши неговиот живот и се плашеа дека ќе завршат како него. Во нив имало чувство на вина, фрустрација, тага, страв… Меѓутоа, додека во срцата на учениците е урнатина, Исус најавува мир.

Исус – рече Папата – им навестува живот, додека тие во себе имаат чувство на смрт.

Исусовиот мир доаѓа токму во моментот кога за нив изгледаше дека сè е готово – забележа Светиот Отец – во најнеочекуваниот и најизненадувачкиот момент, кога немаше ни трага од мир.

Така прави Господ: нè изненадува, ни подава рака кога тонеме, не крева кога ќе го допреме дното.

„Мир со вас“, вели Исус денес на секое семејство, заедница, етничка група, градска населба и град во оваа голема земја – рече Папата и ја заврши проповедта охрабрувајќи ги верниците да дозволат Господовите зборови да одекнат во нивните срца, во тишина. Да ги слушнеме како ни се обраќаат и да одлучиме да бидеме сведоци на простувањето, протагонисти во заедницата, луѓе во послание за мир во светот – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот