Папата во Ватикан го прими претседателот на Ирска

Папата во Ватикан го прими претседателот на Ирска

На средбата е разговарано за миграцијата и заштитата на животната средина во светлината на 26. конференција на ОН за климата, како и ефектите од пандемијата и мировниот процес во земјата.

Во петокот, 17 септември 2021 година, папата Фрањо го прими во Ватикан претседателот на Ирска, Мајкл Даниел Хигинс, кој подоцна се сретна со кардиналот Пиетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, придружуван од монсињор Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи со државите.

Според ватиканската прес – служба за време на срдечната средба се разговарало за прашања од заеднички интерес, меѓу кои и за миграцијата и заштитата на животната средина, со посебен акцент на перспективите на 26. конференција на ОН за климатски промени (COP26), што ќе се одржи во Глазгов. Покрај тоа, соговорниците заеднички размислувале за последиците од пандемијата на коронавирусот, за иднината на Европа, фокусирајќи се исто така на зајакнување на мировниот процес во земјата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот