Папата во аудиенција ја прими претседателката на италијанската влада

Папата во аудиенција ја прими претседателката на италијанската влада

Во вторник, 10 јануари 2023 година, Светиот отец Фрањо ja прими во аудиенција премиерката на Италија, Џорџија Мелони, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата ја прими Мелони во Апостолската палата, по што се сретна со државниот секретар на Светиот Престол, Пиетро Паролин и со секретарот за односи со држави и меѓународни организации во Државниот секретаријат, монс. Пол Ричард Галагер.

За време на срдечниот разговор, двете страни ги истакнаа добрите билатерални односи, а се осврнаа и на прашањата кои го засегаат италијанското општество, посебно за тешкотиите поврзани со сиромаштвото, семејството, демографската состојба и образованието на младите.

Во продолжението на разговорот, разговараа за прашања на меѓународни теми со посебен осврт на Европа, конфликтот во Украина и миграцијата, се вели во соопштението за медиумите.

Според фотографиите, на размената на подароци меѓу папата Фрањо и Мелони присуствувале и нејзината ќерка Гиневра и нејзиниот партнер Андреа Џамбруно.

Потсетуваме, Џорџија Мелони победи на изборите на 25 септември минатата година, а во еден нејзин говор од 2019 година таа се дефинираше како жена, мајка, Италијанка и христијанка.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот