Папата: Војната во Украина не е „навика“ туку мачеништво на еден народ

Папата: Војната во Украина не е „навика“ туку мачеништво на еден народ

На крајот од Генералната аудиенција Папата повторно зборуваше за војната во Источна Европа и поттикна таа да не се смета за „нешто далечно“, туку мачеништво на народ на кого треба да им бидеме блиски со помош и молитви.

Сеќавањето бледее, а болката може да олади – со овие зборови папата Фрањо ја опиша ситуацијата во која украинскиот народ живее речиси четири месеци. Ова го истакна Папата на крајот од Генералната аудиенција во среда 15 јуни 2022 година, поздравувајќи ги поклониците на италијански јазик. Светиот Отец повтори дека оваа воена трагедија не треба да се заборави.

Ве молам, да не ги заборавиме украинските маченици кои се во војна. Да не се навикнуваме да живееме како војната да е некоја далечна работа. Нека нашето сеќавање, нашата наклонетост, нашата молитва и помош бидат секогаш блиску до тој народ кој толку многу страда и трпи вистинско мачеништво .

Не се навикнувајте на војната

Да не се навикнуваме на воената реалност. Оваа мисла папата Фрањо ја повтори уште од самиот почеток на конфликтот, нагласувајќи ја, на пример, важноста на хуманитарната помош, која – како што рече во март – не смее да се прекине. И минатата недела, во поздравите по молитвата Ангел Господов, тој во мислите се наврати на конфликтот во Украина, повикувајќи на молитва за луѓето таму и поттикнувајќи ги верниците да не заборават што таму се случува.

Мислата на украинскиот народ, измачен од војната, е секогаш жива во моето срце. Времето што минува да не ја олади нашата болка и нашата грижа за овие измачени луѓе. Ве молам, да не се навикнуваме на таа трагична реалност! Секогаш да ја имаме во нашите срца. Да молиме и да се бориме за мир.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот