Папата воспостави Недела на Божјото Слово

Папата воспостави Недела на Божјото Слово

„Со Славењето на Недела на Божјото Слово се искажува екуменска вредност, затоа што Светото Писмо им покажува на оние кои го отвораат увото за словото Божјо како да одат за да дојдат до вистинско и цврсто единство“.

Во Ватикан на 30 Септември 2019 година е објавено Апостолско писмо во облик на Мото Проприо со наслов ‘Aperuit illis’, со кое Папата одредува ‘Третата недела во годината да биде посветена за славење, размислување и ширење на Божјото Слово“. Неделата на Божјото Слово свечено ќе се слави за да би се открило пасхалното и спасителното значење на Божјото Слово, кое секогаш на нов начин поттикнува да се излезе од индивидуализмот и повторно да се родиме за љубов.

Папата истакнува дека со оваа иницијатива сака да одговори на бројни верници кои барале да се воспостви Недела на Божјото Слово, кое ќе биде во литургиско време и кое ќе повиква да се зајакнат врските со Евреите и да се моли за единство на христијаните.

„Со Славењето на Недела на Божјото Слово се искажува екуменска вредност, затоа што Светото Писмо им покажува на оние кои го отвораат увото за словото Божјо како да одат за да дојдат до вистинско и цврсто единство“ –објаснува Папата.

Папата повикува таа недела да се слави како свечен ден и истакнува, меѓу другото, на собраните верници  со конкретни богослужби да се покаже нормативната вредност на Божјото Слово.

-Се е упатено кон таа цел, која е вткаена во самата природа на Библијата, која е составена како историја на спасението, во која Бог зборува и делува како би дојдел во пресрет на сите луѓе за да ги спаси од злото и смрта – истакнува Папата во свеото Апостолско писмо ‘Aperuit illis’ со кое ја воспоставува Неделата на Божјото Слово.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот