Папата: Водата е важна за иднината

Папата: Водата е важна за иднината

На Светскиот ден посветен на синото злато, односно на водата, во фокусот на вниманието е правото на пристап до вода за пиење, која недостасува на голем дел од населението на нашата планета. Тој број на население до 2050 година би можел да достигне до 5 милијарди.

Изворот, дарот, правото – сето тоа во зборовите на папата Фрањо секогаш ја опфаќа водата. Водата е најосновниот фактор за живот, а од нашата способност за сочувување и распределба зависи иднината на човештвото. Меѓутоа, таа не е достапна на сите – упорно предупредува папата Фрањо додавајќи дека исто така ѝ се заканува загадување, расипување и искористување. Така и во пораката која Светиот Отец ја објави на својот профил на Твитер, на 22 март 2018 година истакнува дека заштитата на земјата и заштитата на водата значи заштита на животот.

Организацијата на Обединетите нации, водата ја призна за општо човеково право, но таа и понатаму е добро кое на ниво на целата наша планета ја има сѐ помалку. Во овој момент околу 2,5 милијарди луѓе во светот немаат пристап до питка вода. Климатските промени, но и расипувањето на водата, доведоа до драматична состојба која до 2050 година би можело да опфати 5 милијарди луѓе. Меѓутоа тоа сино злато и денес е во центарот на вооружените и економските конфликти заради надзорот над неговите извори.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот