Папата: Вистинскиот христијанин е заљубен во Господ

Папата: Вистинскиот христијанин е заљубен во Господ

Има многу христијани кои одат на света Литургија, но премногу се зафатени и им недостасува контеплацијата за таинството на Исус Христос.

Клучната работа за да не згрешиме во својот христијански живот е „да бидеме заљубени“ во Господ и да се вдахнуваме од Него за своите дела – рече папата Фрањо на светата Литургија во вторник 9 октомври 2018 година во домот Света Марта, во Ватикан, истакнувајќи го примерот на апостол Павле кој така правел и кој го опишал својот живот во Првото Послание до Галатјаните. Рамнотежата помеѓу „контемплацијата и служењето“, се две карактеристики посебно опишани во Евангелието според Лука од денешната Литургија кое се фокусира на ликовите Марта и Марија, сестрите на Лазар од Витанија, во чија куќа Исус бил гостин.

Тие се две сестри, секоја со својот начин на постапување, која нѐ поучува дека мора да напредуваме во христијанскиот живот – рече Папата и толкуваше: Марија го слушала Господ, додека Марта била „растресена“ затоа што била преокупирана со послужувањето. Марта е една од оние „силни“ жени, способна да го укори и Господ затоа што не бил присутен на смртта на нејзиниот брат Лазар. Таа знае како да оди „напред“, храбра е, ги забележува работите, но ѝ недостасува контемплацијата, не може „да го губи времето гледајќи го Господ.“

Многу христијани кои во недела одат на света Литургија, после тоа секогаш се зафатени – рече Светиот Отец и продолжи: Немаат време за своите деца, ниту за игра со децата, тоа е лошо. Говорат: Имаме многу работа, зафатени сме… И на крајот стануваат љубители на таа религија која се нарекува „презафатеност“. Тие се група на презафатени кои секогаш работат… Застанете, погледнете во Господ, земете го Евангелието, слушајте Го Словото Божјо, отворете го своето срце – поттикна Папата и рече: Правете добро, но не христијанско, туку човечко добро. На нив им недостасува контемплацијата, односно гледањето на Бог. Тоа и недостасувало и на Марта.

Напротив Марија не мирува – рече папата Фрањо и додаде: Таа го гледа Господ затоа што го допирал нејзиното срце и од таму, од вдахновнието Господово доаѓа работата која треба подоцна да ја заврши. Правилото на свети Бенедикт е „ora et labora – моли и работи“. Го усвоиле клаузурните монаси и монахињи кои сигурно не гледаат цел ден во небото. Молат и работат.

Важно е да се забележи дека тоа го усвоил апостол Павле – рече Светиот Отец и напомена: Првото читање од денешната Литургија вели: кога Бог го избрал не отишол веднаш да проповеда, туку отишол да се моли и да размислува за таинството на Исус Христос кое му е објавено. Сѐ што Павле правел го правел со тој дух на контемплација, односно со гледање на Господ. Господ зборувал од неговото срце, затоа што Павле бил заљубен во Господ. За да не згрешиме клучниот збор е: „заљубени“. За да знаеме на која страна сме, дали претеруваме затоа што одиме премногу во апстрактна и гностичка контемплација или само премногу сме зафатени мораме да се запрашаме: „Дали сме заљубени во Господ? Дали сме сигурни дека Он нѐ избрал? Или го живееме своето христијанство само вршејќи работи? Гледаме ли во своето срце? Контемлираме ли?

Сликовито, тоа е како кога мажот се враќа од работа дома, а жената го пречекува и ако навистина е заљубена не продолжува веднаш со своите домашни работи, туку оделува време за да биде со него. Да најдеме и ние време за Господ за да им служиме на другите. Контемплацијата и служењето е патот на нашиот живот. Нека секој од нас размисли колку време во текот на денот посветува на контемплацијата за Исусовото таинство? Како работиме? Дали нашата работа е служење кое произлегува од Евангелието. Добро е за тоа да размислиме – заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот