Папата: Вистинската власт на Црквата е Христовата љубов

Црквата гради мостови, но не дозволува да биде колонизирана од доминантните идеи. Ова го истакна папата Фрањо во својот говор пред членовите на Папската црковна академија која  обучува свештеници за работа во дипломатските мисии и во Државниот секретаријат на Ватикан.

Светиот Престол – ги потсети Папата свештениците, кои ќе го претставуваат во светот – е седиштето на епископот на Рим, Црква, која претседава во љубовта, без да се надева на залудната гордост, туку на секојдневната храброст на понижувањето на Учителот. Вистинската моќ на Римската Црквата е Христовата љубов“.

„Тоа е единствената сила која нѐ прави универзални и веродостојни пред луѓето и светот; тоа е суштината на нејзината вистина, која не создава ѕидови на поделби и изолација, туку е мост кој гради заедништво и повикува на единство на човечкиот род; тоа е нејзината тајна сила која ја храни непоколебливо нејзината непобедлива надеж, покрај привремените порази“.

Папата Фрањо ги повика идните дипломати на Светиот Престол да не му дозволуваат на цинизмот да ги прави бесчувствителни“, туку да го чуваат сеќавањето за Христос:

„Не сте повикани да бидете високи државни службеници, една самоодбранбена еминентна каста и ценети лица од световните салони, туку да бидете чувари на вистината, која ги поддржува длабоко оние кои ја нудат, а не обратно“.

Мисијата на претставниците на Светиот Престол е да бидат „мостови“, победувајќи ја наводната супериорност на погледот, кој го попречува пристапот до суштината на реалноста и тврди дека знае доволно и надминување на личните мисловни шеми, културни параметри и црковни контексти“:

„Служењето кон кое сте повикани, бара да се брани слободата на Апостолскиот Престол кое за да не ја измени мисијата пред Бог и за вистинското добро на луѓето, не може да биде со затворена логика на доминантните групи и да стане заложник на сметководствени поделба на фракции (…)“ Папата од своите идни дипломатски претставници побара да не дозволат да се колонизираат од популарните мисли на времето или пак од илузорниата превласт на широко прифатените идеи и вредности.

Светиот Отец ги постети дека ги чека послание во светот: во Европа. која треба да се разбуди; во Африка. која копнее за помирување; во Латинска Америка. која гладува за внатрешна поткрепа; во Северна Америка. која одново треба да ги открие корените на својот идентитет; во Азија и Океанија, кои се соочуваат со предизвикот на дозревањее на дијаспората, како и дијалог со големите историски култури. Папата на крајот им вети на идните дипломати дека ќе моли за нив и ги поттикна и тие да молат за него. „Целиот вашт живот е во служба на Евангелието и Црквата. Тоа никогаш да не го заборавите“ – рече Светиот.

На крајот Папата ги повика идните дипломати да бидат „вистински пастири“ и да „најдат храброст за да се одделат од границите на сигурноста, на она што веќе се познава, и да ги фрлат мрежите за риболов во непознати води, за да не се навикнат да се хранат со туѓ улов“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на 
Категорија: Ватикан

За авторот