Папата: Верските водачи мора да промовираат култура на правда и мир

Папата: Верските водачи мора да промовираат култура на правда и мир

Папата Фрањо упати писмо до духовниот водач на ирачките шиити, потсетувајќи на нивната средба што се одржа во Ирак пред две години.

„Нашата задача како верски водачи е да ги охрабриме оние кои се на одговорни позиции во граѓанското општество да дејствуваат во корист на воспоставување култура заснована на правда и мир, промовирајќи политичко делување кое ќе ги заштити основните права на секого“, напиша папата Фрањо во писмото. до Големиот Ајатолах Сејед Али ал Систани, духовниот водач на ирачките шиити, со кој се сретна на почетокот на март 2021 година за време на Апостолското патување во Ирак. „Тоа беше пресвртница на патот на меѓурелигискиот дијалог и меѓусебно разбирање меѓу народите“, се сеќава на оваа средба поглаварот на Католичката црква.

Почитување на човековите права

Папата нагласува дека соработката и пријателството меѓу верниците од различни религии е незаменливо „за да се развие не само меѓусебното почитување, туку пред се таа хармонија што придонесува за доброто на човештвото“. „Нашите заедници“, пишува Папата, „може и треба да бидат привилегирано место на заедништво и симбол на мирен соживот, во кој се повикува Создателот на сè за иднината на единството на земјата“. Затоа, Светиот Отец го дели заедничкото убедуваање со ајатолахот дека „почитувањето на достоинството и правата на секој човек и секоја заедница, особено на верската слобода, слободата на мислата и изразувањето е извор на личен и социјален мир и хармонија меѓу народите“.

Повторно откривање на братството

Папата Фрањо ја нагласува важноста човештвото „повторно да го открие значењето на братството и меѓусебното прифаќање“ како „конкретен одговор на денешните предизвици“. Цитирајќи го документот за универзалното човечко братство, Светиот Отец истакна дека за таа цел луѓето се повикани да се сретнат „на огромниот простор на заеднички духовни, универзални и општествени вредности“. „Се надевам дека заедно, христијаните и муслиманите, можеме да бидеме сведоци на вистината, љубовта и надежта во свет обележан со многу конфликти, на кој му треба сочувство и исцелување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот