Папата: Божјото милосрдие секогаш одново нè подигнува од нашите падови

Папата: Божјото милосрдие секогаш одново нè подигнува од нашите падови

Во недела, 19 април 2020 година, на Втората воскресна недела, папата Фрањо славеше Евхаристија во црквата „Духот Свет“ во Рим, во која веќе 20 години на посебен начин се почитува Божјото милосрдие.

Минатата недела го прославивме воскресение на нашиот Учител, а денес го сведочиме воскресението на учениците – рече папата Фрањо на светата Литургија во црквата „Духот Свети“ во Рим. Учениците иако го виделе Воскреснатиот, една недела поминале во страв „зад затворени врати“ и ниту на Тома апостол кој единствено бил отсутен, не успеале да го уверат во воскресението – рече Папата и истакна,  соочувајќи се со тоа неверување, Исус се врати, повторно стоел во средина и го повторил истиот поздрав: Мир вам! Тука започнало воскресението на учениците, од тоа верно и трпеливо милосрдие, од откритието дека Бог не се изморува да ни пружа рака за повторно да нè подигне од нашите падови.

Бог сака да Го гледаме не како некаков господар со Кој мора да ги средиме сметките, туку како свој Отец Кој секогаш нè подигнува – рече Светиот Отец и истакна, во животот одиме на слепо, како дете кое започнува да оди, но паѓа; ќе направи неколку чекори и повторно паѓа, и таткото секој пат повторно го подигнува. Милосрдието е раката која секогаш нè подигнува. Бог знае дека без милосрдието остануваме на земјата и за да одиме, повторно треба да нè стави на нозе.

Некој може да приговори и да каже: „Но, јас никако не престанувам да паѓам!“ Господ тоа го знае и секогаш е подготвен да те подигне – рече папата Фрањо и напомена, не сака непрестано да ги преиспитуваме своите падови, туку да се загледаме во Него, Кој во падовите гледа деца кои треба да ги подигне, а во бедата, деца кои треба да ги љуби со милосрдие. Денес, во оваа црква која стана светлиште на милосрдието во Рим, на неделата која пред 20 години светиот папа Иван Павле II ја посвети на Божјото милсордие, полни со доверба ја прифаќаме таа порака.

Исус на света Фаустина ѝ рекол: „Јас сум љубов и само милосрдие; нема беда која може да се мери со моето милосрдие“ – цитираше Папата и потсети, светицата потоа на Исус еднаш со задоволство му рекла дека му го дала целиот свој живот и сè што имала. Но, Исус ѝ одговорил: „Не си ми го дава тоа што навистина е твое.“ Што таа света монахиња задржала за себе? Исус љубезно ѝ рекол: „Ќерко дај ми ја својата беда.“ И ние може да се запрашаме: Дали на Господ сме му ја дале својата беда? Дали сме му ги покажале своите падови за да нè падигне? Или има нешто што сèуште го држиме во себе? Можеби гревот, грижата на совест од минатот, раната која ја имаме во себе, огорченоста кон некој или идеја за одредена личност. Господ чека да му ја донесеме својата беда за да ни го открие своето милосрдие.

Учениците на Господ Го напуштиле за време на стрданието и се чувствувале виновни – рече Светиот Отец и објасни, но, Исус среќавајќи ги не држал долги проповеди. На нив кои во својата внатрешност биле ранети им ги покажал своите рани. Тома можел да ги допре и да ја открие љубовта; открил колку Исус трпел за оној кој го напуштил. Во тие рани со рацете ја допрел нежната Божја близина. Кога Тома кој задоцнил го прегрнал милосрдие, ги надминал другите ученици; не поверувал само во воскресението туку и во безграничната Божја љубов.

Затоа на наједноставен и најубав начин ја исповедал својата вера: „Господ мој и Бог мој“ – рече папата Фрањо и истакна, тоа е воскресението на ученикот кој се остварува кога неговото кревко и рането човештво влегува во она Исусовото. Таму исчезнуваат сомнежите, таму Бог станува мој Бог, таму се започнува да се прифаќаш себе и да го љубиш сопствениот живот. Во искушенијата низ кои и ние поминуваме, како апостол Тома, со своите гравови и сомнежи, се чувствуваме кревки. Потребен ни е Господ кој во нас, освен нашата кревкост, гледа неповотрлива убавина. Со Него откриваме дека истовремено сме кревки и скапоцени и дека ако сме пред Него транспарентни како кристал, Неговото светло на милосрдието преку нас свети во светот. Тоа е причината за да бидеме радосни, како што се вели во Првото Послание на свети апостол Петар: „Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб – ако е потребно – во разни искушенија.“

На овој празник на Божјото милосрдие најубавото навестување доаѓа преку ученикот кој стигнал подоцна, рече Папата и продолжи, само Тома недостасувал. Но, Господ го чекал. Милосрдието не го напушта оној кој заостанува. Секогаш додека размислуваме за бавното и напорно опоравување од пандемијата од коронавирус токму таа опасност се наметнува: да го заборавиш оној кој заостанува, ризикуваме да нè погоди уште полошиот вирус на рамнодушната себичност, која се пренесува започнувајќи од идејата животот да се подобри доколку мене ми оди подобро и дека сè ќе биде добро ако мене ми биде добро. Од тука појдува и доаша до селекција на луѓето, отфрлање на сиромашните и до жртвување на оние кои заостанале на олтарот на напредокот.

Меѓутоа таа пандемија нè потсетува дека не постојат разлики и граници меѓу оние кои трпат – рече Светиот Отец и додаде, сите сме кревки, еднакви и скапоцени. Она што се случува нè задрма од внатре. Време е да ги отстраниме нееднаквостите, да ја исправиме неправдата која ги поткопува корените на здравјето на целото човештво! Да учиме од првата христијанска заедница опишана во Делата Апостоски. Примила милосрдие и живеела со милосрдие: „А сите, што веруваа, беа заедно и сè им беше општо; продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа според неговата потреба.“ Тоа не е идеологија, тоа е христијанство.

По Исусовото воскресение во таа заедница само еден заостанувал и другите го чекале – рече папата Фрањо и истакна, денес изгледа дека е спротивно; мал дел од човештвото напредува, додека мнознството заостанува. Секој би можел да каже: „Тие се сложени прашања, моја должност не е да се грижам за оние во потреба, други треба на тоа да мислат!“ Света Фаустин по средба со Исус напишала: „Во душа која трпи, мора да го видиме Исуса распнат, а не паразит и товар. Господ ни дава можност да се вежбаме во делата на милосрдието, а ние се вежбаме во осудувањето.“

Меѓутоа и таа еден ден се жалела на Исус дека милосрдните се сметаат за наивни. Рекла: „Господи, често ја искористуваат мојата добрина.“ А Исус ѝ одговорил: „Не е важно ќерко моја, не грижи се заради тоа, секогаш биди милосрдна кон сите.“ Да не мислиме само на своите и на поединечните интереси. Да го прифатиме тоа искушение како прилика за да имаме иднина затоа што без заеднички поглед никој нема да има. Денес разоружената и разоружувачката Исусова љубов го воскреснува срцето на ученикот. Како апостол Тома, да го прифатиме милосрдието односно спасението на светот. Да правиме милосрдие на оние кои се најслаби; само така повторно ќе изградиме нов свет – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот