Папата: Бог никој не отрфла

Вистинската религија се однесува со прифаќање на објавата на Бог, кој е Отецот и кој се грижи за секое човечко создание – рече Папата пред молитвата Ангел Господов, во недела 31 јанаури 2016 година.

Светиот Отец истакна дека единствена привилегија во Божјите очи е што нема привилегија, дека нема „кумови“, туку сме препуштени на неговите раце.

Никаква човечка состојба не може да биде причина за исклученост од срцето на Отецот – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов. Во говорот потести на литургиското Евангелие, во кое Исус, после навестувањето во назаретската синагога, го отфлаат неговите сожители и дури сакаат да го убијат. Тој дел од Евангелието – рече Папата – не е само известување за кавга меѓу жителите поради завист и љубомора, туку нѐ предупредува на напаста, на која е изложен секој верник: напаста религијата да ја сметаме за човечко вложување и затоа можеме да се „договараме“ со Бог, барајќи ги сопствените интереси.

Напротив, вистинската религија се однесува со прифаќање на објавата на Бог, кој е Отецот и кој се грижи за секое човечко создание, дури и за најмалите и најневажните во човечките очи. Токму во тоа се состои пророчкото послание на Исус да навестува дека ниту една човечка сосотојба не може да биде причина за исклученост од срцето на Отецот и дека единствена привилегија во Божјите очи е што нема привилегија, нема „кумови“, туку сме препуштени на неговите раце – рече папата Фрањо.

Бог доаѓа во пресрет на луѓето во сите времиња и места, во конкретни ситуации во кои се наоѓаат. И на нас ни доаѓа во пресрет. Тој секогаш го прави првиот чекор: нѐ посетува со своето милосрдие, за да нѐ подигне од прашината на нашите гревови, за да не фати за рака и да нѐ извлече од провалијата во која сме паднати поради сопствената надменост и нѐ повикува да ја прифатеме утешната вистина на евангелието и да одиме по добриот пат – рече Светиот Отец.

После молитвата Анге Господов, Папата потести за обележувањето на Светскиот ден на лицата со лепра. Таа болест, иако се намалува, за жал сѐ уште ги погодува најсиромашните и најмаргинализираните лица – рече Папата, поттикнувајќи на солидарност со болните, кои поради лепрата останале хендикепирани. При тоа Папата ги истакна и залагањата на лаиците, чесните сестри и свештениците кои се грижат за нив.

Потоа Светиот Отец ги поздрави поклониците, а меѓу нив посебно децата од Католичка акција на Римската бискупија. Оваа година –  рече Папата – вашето сведочење за мирот, поттикнато со верата во Исус, ќе биде уште порадосно, затоа што е е збогатено со поминувањето низ Светите врати.

Од пораката, која од прозорецот на Апостолската палата ја прочита една членка на бискупската Католичка акција, младите признаваат дека постои страв поради судирите во светот, но ветуваат дека целосно ќе се залгаат за мир. Поради тоа Папата ги охрабри: „Ве поттикнувам да бидете средство за мир и милосрдие меѓу вашите врсниците!“

Откако Папата заврши со обраќањето, мноштвото членови на Католичка акција на плоштадот Свети Петар пуштија разнобојни балони во знак на мирот.

РВ/ к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот