Папата: Блискост, сочувство и нежност кон луѓето

Папата: Блискост, сочувство и нежност кон луѓето

По повод празникот Богородица „Одигитрија“, заштитничката на Сицилија, папата Фрањо ги прими во аудиенција бискупите и свештениците од островот и ги спомена блажените Дон Пино Пуглиси и Росарио Ливатино, кои ја прегрнаа судбината на Сицилијански народ.

Бидете со потполно со народот во стил на пастир, значи со близина, сочувство и нежност, бидејќи промената на ерата во која живееме бара храбри одлуки, просветлени од расудувањето на Светиот Дух, а Сицилија не е надвор од тие промени. Затоа, за да се проповеда Евангелието, неопходно е да се разберат особеностите на овој остров – рече папата Фрањо, говорејќи пред сицилијанските бискупи и свештеници што ги прими во аудиенција по повод празникот Пресвета Богородица ‘Одигитрија’, заштитничка на островот. Пред 15 бискупи и околу 300 свештеници, Папата истакна дека тоа е задача која бара полна, целосна и посебна служба од свештениците и бискупите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот