Папата благослови скулптури во летната резиденција Кастел Гандолфо

Папата Фрањо во недела 16 номеври 2014 година ја посети Папската летна резиденција Кастел Гандолфо, каде што присуствува на откривање на две скулптури од аргентинскиот уметник Александро Мармо, соопштено е од Канцеларијата за печат при Светиот Престол. После ручекот со уметникот и неговото семејство во придружба на други ватикански службеници Папата се сретна со група од 40 Аргентинци и ги благослови новопоставените скулптури.

Светиот Отец во Ватикан се врати со автомобил, најпрво запирајќи во клиниката Пиј XI, каде го посети кардинал Хорхе Марија Мехијо, кој закрепнува од болеста. Од таму директно се упати до Домот Пиј IV, каде што се наоѓа Папската академија за наука, каде што се одржува Меѓународна конференција за млади вклучени во борбата против трговијата со луѓе.

На присутните Папата им се заблагодари за нивната работа и им порача да се борат против оние кои „сакаат човештвото да мисли дека луѓето треба да се искористат и да се фрлат… да бидат за еднократна употреба“. Светиот Отец ги повика учесниците на средбата да го „спасуваат достоинството на луѓето“ и да ги „извадат од отпадот“, оние кои се фрлени како „ѓубре“ и „повторно да ги помажат со достоинство“.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот