Папата: Барајте го најпрво Царството Божјо

Папата: Барајте го најпрво Царството Божјо

Треба да се следи Господ Кој дава сѐ, а не бара богатство – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 28 февруари 2017 година, во капелата на домот Света Марта, коментиракќи го литургиското Евангелие.

Папата ја нагласи „полнотата“ која Бог ја дава, „уништената „полнота“ која на крстот го достигна врвот.

Не може да им се служи на двајца господари, или на Бог или на богатството. Пред почетокот на Великиот пост Црквата нѐ поттикнува на „размислување за односот помеѓу Бог и богатството“ и потсети на средбата помеѓу „богатото момче, кое сакало да го следи Господ, но затоа што било богато, го избрал богатството“ – рече Папата.

Исусовиот коментар малку ги плаши учениците: Богат тешко ќе влезе во Царството небесно. Полесно камила ќе влезе низ иглени уши,“ денешниот дел од Евангелието според Марко зборува како Петар го прашува на Исус, што ќе биде со нив кои оставиле сѐ. Како Исус да дава сметка – рече Папата додавајќи:

Исусовиот одговор е јасен: Ви велам нема никој кој оставил сѐ, без да прима сѐ. Еве ние оставивме, сѐ. Ќе примите сѐ, со онаа преполна мерка со која Бог ги дава своите дарови. Ќе примите сѐ. Нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието, а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век – и живот вечен. Сѐ затоа што Господ не знае да даде помалку. Кога нешто дава, самиот себе се дава, кој е сѐ – рече Папата.

Сепак, во овој евангелски дел има еден збор кој нѐ поттикнува на размислување, а тој е „и тоа сега,“ во оваа време, прима стоструко куќи, браќа, заедно со прогонствата. Ова е пак воведување во поинаков начин на размислување, поинакво делување. Исус целиот се дава, Божјата полнота на крстот се уништува заради нас. Божјиот дар за нас е „уништената полнота.“ А стилот на христијаните е ова: да се бара полнотата, да се прими „уништената“ полнота, да се оди по тој пат не е лесно, а кој е знакот за да одиме по патот на давањето и примањето на сѐ? – праша Папата и продолжи:

Го слушнавме првото читање: Со око весело прославувај Го Господа. При секој дар лицето нека ти е весело; со радост десетокот давај го. Давај Му на Севишниот како Он тебе што ти дава – штедро и колку што можеш.“ Весело око, радосно лице и радост, тие се знаците дека сме на тој пат на примањето на „уништената полнота“ – истакна Папата.

Богатото момче се смуртило на лицето и тажно се одалечило – рече Папата. Не било способно да прими, да ја прифати „уништената полнота“, а светците и самиот Петар ја прифатиле. Во искушенијата и тешкотиите имале весело лице, весело око и радосно срце. Тие се знаците – рече Папата спомнувајќи го светецот од Чиле Алберто Хуртада.

Носејќи се со бројните тешкотии секош работел за сиромашните. Во Чиле го расчистил патот за поддшка на сиромашните, бил прогонуван, поднесувал многу страдања. Во најголемото страдање, „уништен на крстот“, зборувал: Среќен, Господи, среќен сум. Нека нас тој нѐ научи да одиме по тој пат, нека ни измоли милост да одиме на помалку потежок пат: на сѐ и ништо, „уништената полнота“ Исус Христос и нека нѐ научи секогаш, посебно во тешотиите да зборуваме: Среќен, Господи, среќен сум – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот