Папата до неокатехумените: Одете заедно со епископот, тој е поглавар на локалната црква

Папата до неокатехумените: Одете заедно со епископот, тој е поглавар на локалната црква

Папата Фрањо во понеделник 27 јуни 2022 година во салата на Павле VI ги прими членовите на Неокатехуменскиот пат и испрати 430 семејства во послание во најсиромашните и најсекуларизираните области во светот: „Ви благодарам на вашата великодушност. Одете заедно со епископот, тој е поглавар на локалната црква“.

Одете напред со силата на Духот, носејќи го Евангелието во своето срце и во раката. Евангелието на Исус Христос – не сопственото – кое се прилагодува на различни култури, но е секогаш исто – ги поттикна папата Фрањо членовите на Неокатехуменскиот пат, примајќи ги во аудиенција, на која испрати околу 430 семејства во секуларизираните и најсиромашните области на Европа и светот.

Одете, проповедајте, крстете

Папата им се обрати на неокатехуменските заедници без однапред подготвен текст и ги поттикна да го следат повикот на Исус Христос, да тргнат и да сведочат проповедајќи го Евангелието, со силата – како што рече – што доаѓа од Светиот Дух. Одете, проповедајте, крстете. Но, ние знаеме дека штом ќе се крстиме, заедницата што се раѓа е слободна, таа е нова Црква и мораме да дозволиме да расте, да и помогнеме да расте, на свој начин, со сопствената култура. Тоа е историја на евангелизацијата.

Служете во попустливост и послушност

Сите се еднакви во однос на верата – рече потоа Папата. Истата вера, но сите во согласност со сопствената култура, културата на местото каде што се проповеда верата. Тоа мултикултурно богатство на евангелието станува култура; тоа е на некој начин историјата на Црквата: многу култури, но истото евангелие, многу народи, но истиот Исус Христос. Верата расте, се инкултурира, но секогаш е иста – истакна Папата и им изрази благодарност на неокатехумените за нивното великодушно служење на Црквата.

Ви благодарам и ве молам да бидете попустливи и послушни на Исус Христос во неговата Црква; сè во Црквата, ништо надвор од неа. Тоа е духовност која секогаш треба да не придружува. Проповедајте го Христа со силата на Духот, во Црквата, со Црквата – поттикна Светиот Отец и истакна дека поглаварот во разни Цркви е епископот. Секогаш оди напред со епископот, тој е глава на Црквата. Не заборавајте го погледот на Исус кој го испрати секој од вас да проповеда и да и биде послушен на Црквата.

Благослов на Папата

На крајот од аудиенцијата, сите семејства кои го чекаа благословот на Папата пред да заминат во послание, клекнаа и го кренаа крстот, симболот на посланието. На крајот папата Фрањо поздрави неколку семејства, задржувајќи се посебно со децата. Потоа ги поздрави воспитувачите и теолозите од семинаријата „Редемпторис Матер“ од Макао со кои се сретна во септември 2019 година и кои ги поттикна во нивното многу важно послание во Азија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот