Пакт на младите: Треба да се вратиме на економијата на Евангелието

Пакт на младите: Треба да се вратиме на економијата на Евангелието

Во Асизи, папата Фрањо потпиша Пакт со младите во кој тие се обврзуваат да го поминат својот живот, така што денешната и идната економија ќе стане економија обновена со Божјото Слово.

Папата Фрањо и околу илјада млади луѓе од 120 земји, собрани во Асизи на глобалниот состанок „Економијата на Фрањо“ (Economy of Francesco), потпишаа Пакт во кој, поединечно и сите заедно, се обврзуваат да реализираат нова економија: економија на мирот, а не на војната, економија која се противи на ширењето на оружјето, особено на најразорното, економија која не го уништува созданието, туку се грижи за него.

Во служба на луѓето

Со пактот потпишан во градот на Свети Фрањо, младите бизнисмени, претприемачи, се обврзуваат да го потрошат својот живот, така што денешната и идната економија ќе станат економија на Евангелието. Економија во служба на луѓето, семејството и животот, со почит кон секоја жена, маж, дете, постар човек и пред се кон најслабите и најчувствителните; економија каде грижата ги заменува отфрлањето и рамнодушноста, економија која никого не остава зад себе, со цел да се изгради општество каде каменот отфрлен од преовладувачкиот менталитет станува камен-темелник.

Економија со етиката

Економијата која препознава и штити пристојна и сигурна работа за сите, особено за жените; економија во која финансиите се пријател и сојузник на реалната економија и работа, а не против нив; економија која знае да ги цени и зачува културите и традициите на народите, сите живи видови и природните ресурси на Земјата. Економија која се бори против сиромаштвото во сите нејзини облици, ги намалува нееднаквостите и знае, заедно со Исус и Фрањо, да каже „блажени се сиромашните“; економија водена од етика за луѓето и отворена за трансценденција; економија која создава богатство за сите, која поттикнува радост, а не само просперитет, бидејќи неподелената среќа е премалку.

Не е утопија

Пактот за млади завршува со хоризонт кој за многумина веќе стана животна програма: „Веруваме во оваа економија“. Тоа не е утопија, бидејќи ние веќе ја градиме. А некои од нас, во особено светли утра, веќе го гледаме почетокот на ветената земја“. Младите од Економијата на Фрањо на тој начин се обврзуваат да поттикнат промени, а од Асизи нивната визија, која не е утопија, го опфаќа целиот свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот