Очекувања од Епикопската Синода посветена на семејството

Радикална промена во науката за бракот на скорешната синода е невозможна, рече бискупот на Портсмут, Англија, монсињор Филип Еган, на неодамнешната конференција, а пренесува LifeSiteNews. „Не е тајна дека многу прогресивни католици, за време на vonrednata Синода на епископи на тема семејство и брак, очекуваат темелни промени во науката и дисциплината“. „Желбата на Папата за „искрена, отворена и човечка расправа“, со нагласување на милосрдието и пасторалната грижа за оние што се на маргините, ги зајакнаа овие очекувања“, рече бискупот. Науката, меѓутоа, се развива, но никогаш, во својата суштина не се менува: „вистината е една и науката прави со неа интегрална целина“, што значи дека „автентичен развој на науката или дисциплината мора да биде логично доследен.“

Бискупот, исто така, потсети дека, за разлика од општиот собор, синодата не е „одлучувачко, туку советодавно тело“ кое нема власт на одлучување за прашањата што се поврзани со науката на Црквата. И покрај тоа што медиумите се фокусираа само на едно прашање: она што го опфаќа причестувањето на разведените и цивилно повторно регистрирани, бискупот Еган истакнува дека Папата ја свика синодата поради широкиот „христијански поглед на семејството“ и кризата во промената на антропологијата, т.е. во средините на промена на погледите на човекот повторно да се размисли кое е христијанското сфаќање на човекот, создаден, паднат, но сепак откупен“, рече монсињор Еган. Промената на културата во екот на секуларизацијата произведува морален релативизам. „Мојата вистина не е твоја вистина. Ништо не е трајно“, истакна бискупот и објасни дека на тоа подрачје настануваат „алтернативни антропологии“ како што се „идеологијата на раѓање“ и „хомосексуалното политичко движење“ или потценување на достоинството на човечкиот живот во неговата најрана доба.

Не прифаќањето на ставовите на Црквата „произлегува од недостатокот на вера и вистинска катехеза, но и под притисок на современата култура која често се спротивставува на Евангелието“, објаснува бискупот, предупредувајќи на опасноста од предлогот дека науката на Црквата е отворена за промени кон „мислењето на мнозинството“ но со барање на „патот на средина“, потсетувајќи дека за време на Ариевата контравера и дефинирање на христолошката наука, правоверното гледиште на Црквата не било „пат на средина или средно гледиште помеѓу две крајности. Тоа била една од крајностите“, рече на крајот бискупот Еган.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот