Очекувањата на денешните млади

Неодамна, на едно долго патување со воз, тројца млади момчиња, кои имаа отприлика по осумнаесет години, влегоа во мојот вагон. Некој постар човек ги пратил кај мене. Подоцна открив дека всушност тој човек бил професорот по физичко образование во нивното училиште.

Младите беа уморни и заспаа после неколку километри возење во текот на кои разговараа за победата на фудбалскиот натпревар. Два часа подоцна повторно почнаа да разговараат, празнејќи ги шишињата со кока кола. Разговорот сѐ повеќе и повеќе се развиваше, а мене ме набљудуваа со интерес, како да мислеа: кој би можелда биде овој? Не навлегов во разговорот, затоа што ја подготвував конференцијата која требаше да се одржи по пристигнувањето.

Кога изгледаше дека разговорот ќе престане, професорот ги праша: „Наскоро ќе завршите со училиштето. Какви се вашите планови?“ Едно од момчињата, не размислуваше многу долго, па одговори: „Не знам, чекам татко ми да ми каже што очекува од мене. Немам никаква идеја… Од каде да знам? Тоа е многу комплицирано: повеќе сакам да ми се каже. Нема да се вознемирувам.“

Друг зема збор: „Не сум размислував многу за тоа и неодлучен сум, не знам што ќе одберам: ќе бидам трговец или службеник во менувачница? Не знам каде заработувачката е поголема, а да се работи помалку… Само една работа ме интересира: сигурност, мирен и удобен живот; сѐ друго нема големо значење.“

Третиот изгледаше како да му е непријатно, молчеше и изгледаше како да сака да го избегне одговорот; но другите двајца љубопитно го погледнаа. Тогаш професорот го праша: „А ти, што ќе работиш?“ „Ниту јас не сум сигурен, мислев да поминам неколку години некаде во Третиот свет; сакав со мојата работа да им служам на оние кои страдаат.“

Неговите другари со отворени очи како да сакаа да кажат: „Ти си луд!“ Професорот и понатаму го прашуваше: „Како ти дојде таа идеја во главата?“ „Не знам“, одговорил збунето Франко. „Но, таа идеја во мене е присутна повеќе месеци; мислите ли дека тоа е лудост?“ „Не, тоа не е лудост, но точно дека е необичо, да; сепак верувај ми, Франко, јас ти се восхитувам.“

Повеќе неможев да молчам и го кажав тивко она што го мислев: „Франко, тоа е извонредно, следи го тоа што срцето те советува, бидејќи тоа е најдобриот избор.“ Моите четири придружници на патувањето ме гледаа – а потоа продолжија да разговараат за фудбалот.

Се повлеков од разговорот, но почнав да размислувам за начинот на кој овие тројца млади момчиња јасно ги изразуваат заедничките ставови на денешната младина:

-Постојат такви кои не мислат, кои се препуштаат да ги носат самите настани, обидувајќи се да не се грижат: зошто би се малтретирале? Толку е убаво да се живее безгрижно!;

-Постојат и такви чија едноставна цел е да имаат пари со најмалку напор; оние чије срце е себично: „Јас ќе продолжам по мојот пат, а другите нека мислат што сакаат.“ Тие мислат дека парите носат среќа, веруваат во пропаганда на илузијата, ветувањата на рекламата, шармот на забавата…

-Конечно, постојат и оние чие срце е благородно и кои сакаат да бидат во корист на другите, да помогнат на оние кои страдаат, дури и да служат и по цена на лична жртва…

Меѓугорје – инфо/к.мк/Тања Стојанова

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан, Размислување

За авторот