Официјално започна процесот за беатификација на отец Хамел

Официјално започна процесот за беатификација на отец Хамел

Отец Жак Хамел убиен минатата година на олтарот може релативно брзо да биде прогласен за блажен.

На Велики петок е објавено дека монс. Доминик Лебрун надбискуп на Руен, потврдил дека во неговата дијацеза формално е започнат процес за беатификација на убиениот свештеник. Канонското правило бара да помине барем пет години од смртта на личноста пред да се започне процес за беатификација.

Една од причините за чекање пет години е да не се суди врз основа на бранот емоции, туку да се постигне одредена дистанца за пресудата да биде објективна. Сепак, само Папата може да одобри скратување на рокот, обично ако покојниот починал на јасен глас на светост.

Отец Хамел беше заклан од двајца џихадисти на 26 јули 2016 година во парохиската црква во местото Сант Етиен –ди- Рувре додека служеше света Литургија. Иако во пензија, о. Хамел со задоволство помагал исповедувајќи и служејќи. Атентаторите го убија во име на „Исламската држава“.

Убијците не го познавале свештеникот, го убиле како симбол, па според тоа е јасно дека е убиен од омраза против христијанската вера (исклучиво според црковното правило секое убиство или малтретирање на свештеник не е резултат на омраза против верата, затоа што причината може да биде и лична.

Потсетуваме дека папата Фрањо смртта на отец Жак Амел ја коментираше веднаш: „Маченик е! А мачениците се блажени.“

Во процеост за беатификација не е потребно да се докажува чудо ако покојниот е маченик, но и за маченикот е потребно чудо за да се канонизира. Ако се признае мачеништвото на отец Хамел –зборовите на Папата се аргумент, но не се доволен доказ за процес – беатификацијата би можела да биде релативно брзо. Релативно, бидејќи е потребно прво да се соберат сведоштва за животот на отец Хамел во надбискупијата во Руен, а потоа следува другиот дел од процесот во Конгрегацијата за прогласување на светците.

Лаудато/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот