Отец Ломбарди: Примена е пораката од Папата, промената е можна

Тоа беше несомнено позитивно патување, со порака од голема надеж за целиот латиноамерикански народ – рече отец Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, зборувајќи за посетата на Папата на Еквадор, Боливија и Парагвај.

Пристигнувајќи во Латинска Америка, папата Фрањо навистина наиде на неверојатен дочек – рече о. Ломбарди. Брановите на внимание и присуство на луѓето по улиците никогаш не престанаа. Освен на големите настани и средби, како што се светите Литургии, на кои присуствуваа стотици илјади, па дури и милион луѓе, по улиците видовме и многу повеќе, на сите настани и на сите места каде што Папата поминуваше. Затоа мислам дека првата интересна глетка која импресионираше е големиот одговор на народот кој Папата го посети. Пред сѐ тоа беше одговор на внимание, љубов, наклонетост, но и на прифаќање на неговите зборови, прифаќање на неговата личност, како и на неговите пораки и зборови – истакна о. Ломбарди.

Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол потоа истакна дека народот ги прифати зборовите на Папата како охрабрување, насока, како извор на надеж и доверба за иднината, бидејќи станува збор за народи кои се наоѓаат во чувствителен момент на својата историја, во момент на транзиција; всушност имаат многу големи проблеми заради сиромаштвото, неправдата, заради маргинализацијата на луѓето, имаат потешкотии во интеграцијата на одредени групи во општеството поради тоа што од различни причини живеат во лоши услови.

Папата знаеше да испрати позитивна порака на охрабрување на овие народи кои се во транзиција и да им покаже дека Црквата, понизно и со многу љубов, им е блиска и сочувствува со нив, – истакна о. Ломбарди – и не е одвоена од судбината на овие народи, туку е солидарна со нив и може да ги охрабри и да ги инспирира на нивниот пат на транзиција. Им помага да разберат и да се ангажират околу праведните позиции, тргнувајќи од христијанската инспирација, но потоа претваројќи ја во човечка позиција која луѓето, со кои се сретна Папата, ја прифатиле со многу радост и достапност.

Зборувајќи за заедничката линија која ги поврзува Еквадр, Боливија и Парагвај, отел Ломбарди истакна дека темата на патувањето била навестување на Евангелието и тоа – како што рече – важеше за сите три земји. Папата го навестува Евангелието кое не е одвоено од реалноста на која наидуваме во светот, туку во состојба е да ги поттикне да се посветат на Црквата и инспирирани исто така да се посветат на сите луѓе со добра волја, кои имаат уши ширум отворени за пораката на овој Папа кој наидува на големо внинмание и надвор од границата на Црквата.

На забелешка на еден новинар дека Папата е можеби уморен, но истовремено задоволен, директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол рече дека Папата сиот напор на оваа патување го поднесе со голема сила, со многу храброст, но исто така и извонредно природно. А на оваа патување имаше повеќе последователни денови со многу интензивно и посебно внимание кон болните, сиромашните, кон луѓето кои ги сретна на патот, а кои имале нешто да му кажат…

Немаше празни моменти без никаква обврска – напомена о. Ломбарди и додаде – Папата секогаш вели дека има голема Божја милост која му помага; милост која Господ му ја дал давајќи му ја оваа служба; со службата му ја дал и потребната помош со цел подобро да ја извршува. Тоа со сигурност, уште еднаш, се покажа и на оваа патување – рече на крајот отец Ломбарди.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот