Отец Гонзало Аемилиус нов личен секретар на Папата

Отец Гонзало Аемилиус нов личен секретар на Папата

Папа Фрањо за свој личен секретар го именува уругвајскиот свештеник, доктор по теологија, Гонзало Аемилиус кој ќе го наследи аргентинскиот свештеник, отец Фабијано Педачи кој беше личен секретар на Папата од 2013 до 2019 година и во декември минатата година се врати на служба во Конгрегацијата за бискупи.

Папата го познава отец Аемилиус од 2006 година кога како надбискуп на Буенос Аирес слушнал за неговата работа со младите на улиците и после тоа разговарал со него. Отец Аемилиус доаѓа од богато семејство од Монтевидео, едната баба му била Еврејка, родителите неверници, а самиот се обратил во времето на гимназиските денови кога го трогнало насмевката и радоста на лицата на некои свештеници кои и покрај смртните закани помагале на младите на улиците. Одлучил да стане свештеник и да го посвети својот живот на сиромашните и напуштени млади.

Отец Аемилиус е роден во 1979, а за свештеник е ракоположен во 2006 година. Познат стана кога новоизбраниот папа Фрањо во 2013 година поздравувајќи ги верниците пред ватиканските врати на света Ана и забележувајќи го во мноштвото луѓе го повика да го следи во црквата каде што после изборот требаше да одржи света Литургија со верниците. После светата Литургија, Папата го претстави на сите, барајќи да молат за него и за неговата работа со младите на улица.

Отец Аемилиус бил директор на гимназијата Јубилар Иван Павле II во Уругвај. Две години студирал теологија во Рим. После средбата со тукушто избраниот Папа, за ватиканскиот дневник Л’Осерваторе Романо ќе кажа дека бил трогнат од способноста на надбискупот Бергољо за интегрирање на различни вредности и нивното насочување во само една насока. Искуството и неговите способности беа одлучувачки во мојот живот. Ми помогнаа од секој поединец да го извлечам она најдоброто, колку и да бил различен од другите, и тој плод да го искористам за добро на сите – рече тогаш свештеникот.

Отец Аемилиус, како личен секретар на Папата, ќе работи со сегашниот личен секретар на Папата, отец Јоанис Лахзиј Гаид.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот