Отворена официјална интернет страница на Скопската катедрална парохија

Отворена официјална интернет страница на Скопската катедрална парохија

На 7 мај 2020, денот кога ја одбележуваме првата годишнина од Апостолската посета на папата Фрањо на нашата земја е отворена официјалната интернетска страница на Католичката катедрална парохија „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Интернет адресата www.srceisusovo.mk е местото каде ќе бидат објавувани најновите информации од парохијата, но и место каде ќе можете да ги добиете основните информации за структурата на парохијата, за заедниците и групите кои делуваат во неа. Сето тоа збогатено со многу фотографии и видеа од настаните кои се случиле и ќе се случуваат во катедралата.

Покрај Facebook страницата и YouТube каналoт, ова е уште еден начин да се биде поблиску до верниците – истакнуваат од парохијата.

Во оваа прилика сакам да ја изразам мојата благодарност до брачниот пар Ена и Филип Чаусидис, како и на дон Фабијан Штедул за нивниот волонтерски придонес во изработка на оваа интернет страница. Како што посетата на папата Фрањо на нашата земја беше прекрасен дар од небото, така и оваа страница, која симболично ја отвораме токму на денешниот ден, нека биде подарок од небото за сите вас драги верници – истакнува дон Давор Топиќ, парох во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот