Отворена изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“

Отворена изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“

Во рамките на Четвртата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, во Битола на 3 ноември е отворена изложбата: „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“

Изложбата ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, а воведно обраќање имаше и директорката на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ Рената Кутера Здравковска.

Фотографиите го прикажуваат детството и младоста на Мајка Тереза, нејзиниот роден град, нејзиното семејство и блиски пријатели. Времето кое го поминува во сестринството Лорето во истоименото училиште во Индија. Формирањето на Мисионерки на милосрдието и нивната работа, беатификацијата, пропратни текстови со објаснување на фотографиите, како и панели со поважни датуми од нејзиниот живот.

Оваа изложба претходно беше поставена на 4 септември во Рим, по повод канонизацијата на Мајка Тереза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот