Осум години од смртта на епископот Јоаким Хербут

Скопје, 15.4.2013 /к.мк/ – Денеска се навршуваат осум години од смртта на Н.В.П. монс. д-р Јоаким Хербут, кој ја водеше Црквата во Македонија 35 години.

Монсињор Јоаким Хербут е роден 1928 година во местото Руски Крстур во Војводина. Во 1952 година е ракоположен за свештеник во конкатедралната црква „Св. Кирил и Методиј” во Загреб. Од 1954 до 1957 година е секратар на бискупот во Скопје. Во 1954 година дипломира на Католичкиот богословски факултет во Загреб, а во 1965 завршува канонско право на Папскиот универзитет „Латеранум” во Рим. Во 1966 година на истиот универзитет ја одбрани докторската дисертација од канонско право на тема „Постот во византиската Црква”. Во октомври 1969 година монс. Јоаким Хербут е именуван за Скопско-призренски бискуп, должност која ја презема во јануари 1970 година. Во 1972 година е именуван за апостолски визитатор за католиците од византиски обред во Македонија, а во 2001 година е инторнизиран за апостолски егзарх во Македонија на воспоставениот Апостолски егзархат за верниците католици од источен обред во Македонија.

Монсињор Јоаким Хербут се пресели во вечноста по долго боледување во Скопје на 15 април 2005. Епископот Хербут го препорачуваме во вашите молитви.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<