Правата на домородните народи е грижа на цел свет

Правата на домородните народи е грижа на цел свет

Постојаниот набљудувач при Обединетите нации надбискупот Бернардито Ауза на 17 и 18 октомври 2016 година – за време на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации говореше за правата на домородните народи.

Тој истакна дека домородните народи се борат за да го сочуваат своето културно наследство, јазикот, верската традиција и начинот на живот преку остварувањето на своето право на самоопределување, што не е само нивна грижа, туку и грижа на целиот свет.

„Нивните културни искуства и средствата за живот – истакна надбискупот – внатре во актуелната меѓународна социјална и економска парадигма се под тешка закана.“ „Економијата мотивирана повеќе од профитот и индивидуалната добивка, а не од одговорноста за ближниот, околината и општото добро, домородните народи сѐ повеќе и повеќе ги остава зад себе“ – рече меѓу останатото надбискупот Бернардито Ауза – истакнувајќи ги при крајот на своето излагање зборовите на Папата дека „ниту една актуелна или воспоставена власт нема право на луѓето да ги лишува од целосното остварување на нивната сувереност. Било кога такво нешто да се случи гледаме воздигнување на нови облици на колонијализам кои сериозно се закануваат на можноста за остварување на мирот и правдата“ – рече надбискупот Ауза.

Треба да обезбедиме остварување на Агендата 2030, Договорот од Париз и останатите меѓународни иницијативи, активно да се земат во превид и ефикасно да придонесат за домородните луѓе во целиот свет. Само тогаш ќе можеме навистина да кажеме дека сме го исполниле заедничкото ветување дека никогаш нема да ги оставиме зад себе – го заврши своето излагање надбискупот Ауза.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот