Основана нова Амазонска црковна конференција

Основана нова Амазонска црковна конференција

Во текот на посебното собрание кое се одржа преку интернет од 26 до 29 јуни основана е нова Амазонска црковна конференција, ново тело кое ќе биде делотворно средство за спроведување на многу предлози кои произлегоа од посебната Синода за Панамазонија која во октомври минатата година се одржа во Ватикан.

Тоа тело треба да стане мост кој ќе покренува други мрежи и општествено-еколошки црковни иницијативи на континентално и меѓународно ниво.

Изборот на датумот за основање на конференцијата не е случаен. Имено, на 29 јуни се слави празникот на свети Петар и Павле кој го потврдува повикот на тоа ново тело да се стави во служба на Црквата, на нејзината пророчка служба и на нејзиното мисионерско делување. Изгледа дека создавањето на таа црковна конференција е чин на надеж, обединет со науката на папата Фрањо кој од блиску го следеше целиот тој процес. Но, не само тоа, амазонската црковна конференција во оваа за единство тешко и посебно време сака да биде конкретен предлог додека пандемијата силно ги погодува панамазонските краишта и подрачја во кои владее насилство, исклучување, а смртта им се заканува на народите кои таму живеат и бара итно и неизбежно целосно преобраќање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот