Осми ден: Гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни

Осми ден: Гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни

Почитуван читателу,

Денес запрашај се кои се „богатствата“, кои го исполнуваат твоето срце, кои те одалечуваат од Бог, и те прават да си самодоволен. Моли се на Светиот Дух да ти ја даде благодатта на духовното оздравување.

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Размислување

Гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни. И Христос дојде на земјата за да го проповеда сиромаштвото т.е. откажувањето од себе и од созданијата. За тоа Исус се роди беден и лишен од сé, а тие кои се откажале од себе, кои светот ги смета за лишени од сé, Исус ги обдарува со блага, т.е. со седумте дарови на Светиот Дух кои се: мудрост, разум, совет, јакост, знаење, набожност, страв Божји. Тој им ја додава духовната радост, мирот во срцето, Божјото пријателство и вечното царување со Бога кој го надминува секое друго богатство, зашто тоа е почеток, извор и содржина на секое блаженство. Оние пак кои светот ги сметаат за богати, зашто поседуваат материјални блага, чест и слава биле испратени од Христос со празни раце, односно лишени од неговата благодат.

Прашања:

Дали молам за помош од Светиот Дух, за неговите дарови? Дали го испразнувам срцето од сите „богатства“ за да може Тој да ме исполни?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот