Осврт на патер Ломбарди за првата година од понтификатот на папата Фрањо

Пред една година папата Бендикт XVI се повлече од Петровата служба. И тоа во тешка атмосфера која се создаде околу Католичката црква и Римската курија. Поради конклавите, како и изненадувачкиот избор на првиот папа кој не е од Европа, Рим беше преплавен од новинари, кои не беа видени во толку голем број од смртта на блажениот папа Иван Павле II.

Во текот на повеќе недели, патер Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светата Столица, мораше да одговара на прашања на околу шест илјади новинари. Во напната и неизвесна атмосфера, извршуваше тешка задача, објаснувајќи им на новинарите , пристигнати од сите краишата на планетата. А тоа беа настани кои ја пишуваат историјата на Католичката црква во светот.

Говорејќи за настаните во последната година за информативната агенција Зенит, како и на прашањето како се соочи со ситуацијата која изгледаше поразително, патер Ломбарди пред сѐ истакна дека медиумите секогаш не се способни објективно да проценат некои ситуации. Понекогаш се создава емотивна атмосфера во која се исткануваат само негативните погледи, наместо позитивни.

Така околу Црквата се создаде негативна атмосфера – рече патер Ломбарди и додаде: Дел од папството на Бенедикт беше обележено со тешки случувања. А сето тоа беше уште повеќе жално, бидејќи за време на папата Бенедикт XVI владееше голема стргост и храброст при соочувањето со тие ситуации и во создавање на услови за очистување. Не сакам да ги негирам грешките, но општо земено, фрлена е сенка на сомнеж врз установите и лицата кои во потполна верност и служеа на Папата и Црквата – истакна патер Ломбарди.

Осврнувајќи се на критиките од медиумите упатени на Ватикан за грешките во комуникацијата, директорот на Канцеларијата за печат при Светата Столица рече дека постојат проблеми, па и делувања кои со никаква комуникација не може да се направат да бидат помалку тешки. Секако – додаде – секогаш може да биде подобро, токму затоа во Државниот секретаријат се ангажира Грег Бурк, лице за односи со јавноста. Многу е важно да постои врска помеѓу власта, одлуките, подготовката на документите и комуникацијата. Така, додека се подготвуваат документите, треба да се мисли на тоа како треба да се претстават и објават.

На новинарско прашање како ја доживеа веста за повлекувањето на Бенедикт XVI, патер Ломбарди рече дека често повторува дека веста ниту многу го вознемири, ниту пак го изненади. Но не затоа што ми беше кажана претходно, туку поради тоа што оној кој го следи Бенедикт XVI од близу, забележуваше дека ја проценува својата сила, која го напушташе. Беше можно да ја донесе таа одлука. За тоа изрично говореше во книгата – интервју со Петар Севалд, веќе некоја година претходно. Во книгата „Светло на светот“ Бенедикт XVI јасно вели дека во одредени ситуации Папата може да се повлече.

Што се однесува пак до однесувањето на папата Фрањо, патер Ломбарди напомена дека како Исусовец во папата Фрањо ја гледа духовната димензија и начинот на кој се соочува со разни работи, кои се карактеристични за Дружбата Исуова. На пример, во проповедите во домот Света Марта, на кои извор е Евангелието, секогаше се поврзани со директна примена во животот. Гледам дека тој пристап е многу сличен со духовните вежби на свети Игнациј. Друга карактеристика е едноставниот живот. Папата води едноставен живот, далеку од надворешноста и тријумфализмот, како исусовец го чувствувам многу близок.

На новинарската забелешка дека изборот на папата Фрањо темелно го измени однесувањето на медиумите кон папството, патер Ломбарди истакна дека дојде до промена во изразувањето, но не само преку зборови, туку и преку гестови и однесување. Папата Фрањо успева да допре до срцата на луѓето и на некој начин ги надминува разликите и препреките. Во центар е неговото изразување за навестување на Божјата љубов за сите луѓе, милосрдие и простување за сите. Претходно во медиумите беше распространета предрасуда според кои Црквата секогаш говори „не“ и не е блиска до луѓето. Папата Фрањо успеа да направи луѓето тоа да го сфатат на друг начин тоа толкување на Божјата порака и односот на Црквата кон луѓето.

Исто така новинарите ги интересираше дали директорот на Канцеларијата за печат при Светата Столица има „проблеми“ со Папата, кој често импровизира, зборува без подготвен текст, дава интервју на кој сака, приватно телефонски комуницира со многумина, патер Ломбарди рече дека на тој начин создава проблеми исто како и на жандермеријата, кога Папата сака да биде во допир со луѓето и одбива блиндирано возило. Ние сме во служба на Папата, и учиме за неговиот стил, неговиот начин на однесување и комуникација – напомена патер Ломбарди и на крајот се осврна на реформите во Куријата, кои многумина ја гледаат како полтичка обнова.

Папата успеа да направи луѓето да можат да сфатат дека Црквата постои за да им каже дека се љубени. Поради тоа реформата во Куријата е споредна, служи на Црквата за да може подобро да ја навестува евангелската порака и тоа не само во Ватикан, туку и во епархиите и на перифериите. Централните структури не постојат за да владеат, туку за да служат и помагаат. Реформата е орентирана токму на тоа– рече на крајот патер Ломбарди.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот