Од прoповедта на Папата: Луѓето ги препознаваме по говорот

Испитувајќи ја совеста за својот начин на говор, ќе сфатиме дали сме христијани на светлината, темнината или сивило – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 27 октомври во домот Света Марта.

Луѓето ги препознаваме по нивниот говор. Повикувајќи ги христијаните да се однесуваат како деца на светлината, а не како деца на темнината, свети Павле „дава катехеза за Словото“.

Дали сме деца на темнината, тоа можеме да го откриеме преку четирите зборови: дволични (лицемер) – кој малку е на една, малку на друга страна, да угоди на сите; празен, безначаен, безвреден збор, прост збор, банален, односно световен; и нечист односно бесрамен збор. Тие зборови не доаѓаат од Светиот Дух, од Исус, од децата на светлината, не се евангелски… бидејќи е валкан, световен, празен и дволичен говор – рече Светиот Отец.

А каков е говорот на светците, односно на децата на светлината? Тоа го вели свети Павле: Бидете следбеници Божји: одете во љубов, добрина и кроткост. Кој така оди… Бидете милосрдни – вели свети Павле – простувајте си еден на друг, како што Бог во Христос ви прости вам. Наследувајте го Бог и одете во љубов, т.е. одете во милосрдие, во простување, во делотворна љубов. Тоа е говорот на дете на светлината – истакна Папата, додавајќи:

Има светли христијани, полни со светлина, кои со таа светлина настојуваат да му служат на Господ, а има и темни, кои живеат во грев, далеку од Господ и се служат со „ѓаволски“ говор. А некои христијани не се ниту светли ниту темни, тие се христијани на сивило. Таквите се еднаш на една, а друг пат на друга страна. За нив народот прашува: со кој пријатно се чувствуваат: со Бог или со ѓаволот? Секогаш се во сивило. Млаки се, ниту се светли, ниту се темни. Бог не сака такви. Во Откровението за нив Господ вели: „ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја. (Отк 3, 15-16) – потсети Папата, додавајќи:

Со таквите христијани Бог е многу строг. Христијанин сум, но без претерувања – велат тие и прават големо зло бидејќи нивното христијанско сведоштво на крајот сее забуна – е негативно. Да не дозволуваме да нè залажуваат празни зборови, постојат многу: некои се убави добро гласат, но се празни, без содржина. Напротив, да се однесуваме како деца на светлината. Ќе биде добро денес да размислуваме за својот начин на говор и да се прашаме: Дали сум христијанин на светлината, темнината или сивилото? Така ќе направиме чекор напред кон средба со Господ – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот