Од проповедта на Папата: Црквите не смеат да станат берзи – Исусовото откупување е бесплатно

Црквите не смеат да станат берза; Исусовото откупување е бесплатно – истакна Папата во проповедта на светата Литургија на 21 ноември во капелата на домот Света Марта, за празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот.

Коментирајќи го делот од Евангелието кој зборува како Исус ги истерува трговците од храмот, Папата рече дека Исус го прочистил храмот бидејќи бил профан, а со него и Божјиот народ; случувањата во храмот го солазнувале Божјиот народ. Народот доаѓал во храмот да се моли, а таму владеела расипаност која ги соблазнувала – рече Папата и потсети на мајката на Ана Самуилова која во храмот молела Бог да и даде дете, а непослушниот свештеник со своите синови ги искористувал ходочасниците и ги соблазнувал.

Да размислиме за тоа како ние со своето однесување, можеме многу лесно да го соблазниме народот. И денес кога ќе влеземе во некоја црква гледаме ценовник за црковните славења: крштение, венчание, литургија. Луѓето заради тоа се соблазнуваат. Еднаш како неоереј бев со студентите и еден пар сакаше да се венчаат со Литургија. Но, за венчавката беше одредено само за петнаесет минути, затоа венчавката со Литургија треба да се плати двојно. Знаеме Исус што вели за оние што ги соблазнуваат другите: Подобро да бидат фрлени во морето – кажа Светиот Отец.

Кога служителите во храмот, свештеници, лаици, црквари или секретари – се шпекуланти, народот се соблазнува. Сите сме одговорни за то,а исто така и лаиците, бидејќи тие мора отворено да го предупредат парохот. Интересно е што Божјиот народ знае на своите свештеници да им прости кога ќе погрешат заради човечките слабости, но народот не им простува, ако се приврзани на парите и ако се насилници. Тоа не им го простува. Не им ја простува соблазната за изнајмување на црква за венчавка – рече Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот