Од проповедта на Папата: Христијаните не очајуваат ниту во услови на големи страдања

Ниту во услови на големи страдања, христијаните не очајуваат – рече Папата на светата Литургија во домот Света Марта, предупредувајќи дека „расипаноста“ и расеаноста нè одделуваат од Господ. Денешните литургиски читања говорат за два града: за Вавилон и за Ерусалим и ги насочуваат нашите мисли кон совршетокот на светот.

Читањата зборуваат за „пропаѓањето на двата града (чии жители не го) послушале Господ; кои (од Него) се одделиле.“ Вавилон е „симбол за злото, гревот“ и „пропаѓа заради расипаноста.“ Тој град се држел како господар во светот, а кога гревот ќе се насобере „се губи способноста за реагирање и започнува распаѓање. Истото се случува со „расипаните луѓе кои немаат сила да реагираат“, рече Светиот Отец, додавајќи:

Расипаноста „не остава место за Господ, за преобраќање“ затоа што „дава некој облик на среќа, чувство на задоволство со самиот себе.“ Расипаноста е збор кој денес многу ни зборува: не само економска, туку и расипаност на поганскиот дух, духот на светот – рече папата Фрањо и предупредува: „Најлошата расипаност на духот е световноста!“

„Расипаната култура дава чувство како да си веќе овде во небото; исполнет и богат, но одвнатре е расипана култура – скапана.“ Вавилон затоа е симбол на било кои општества, култури или луѓе кои се одделуваат од Бог и од љубовта кон ближниот и завршуваат „во скапаност“. Ерусалим пропаднал бидејќи не ја спознал посетата на Господ и така го ражалостил – рече Папата, објаснувајќи:

„Вавилон пропаѓа заради расипаноста, а Ерусалим бидејќи бил расеан, бидејќи не го примил Господ кога дошол да го спаси. Не се држел до потребата за спасение. Ги имал Писмата и Мојсеј и тоа му било доволно“; „не оставил место за спасението“. „Господ чукал на вратата, но Ерусалим не бил подготвен да го прими, да го послуша, за да биде спасен.“

Дали и ние сме слични во „расипаноста и самозадоволноста на Вавилон“ или можеби на Ерусалим кој бил расеан – праша Светиот Отец, истакнувајќи дека пораката на Црквата не завршува со уништување, туку ја содржи ветената надеж. Исус нè охрабрува да „ја подигнеме главата“ и да не дозволиме „поганите да нè заплашат“. Тие „го имаат своето време и треба трпеливо да го поднесеме, како што Господ ја подне Својата мака.“ „Никаков очај, туку надеж!“ – дури и во лошите реалности во кои има толку многу расипаност; бидејќи сето расипано ќе пропадне. Да го молиме Господ да бидеме подготвени за „славењето кое нè чека“ – порача на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот