Од проповедта на папата Фрањо: Патот на прогонство секогаш завршува со Господ

Кога се навестува Евангелието се оди во пресрет на прогонства, рече папата Фрањо на светата Литургија на 4 април во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека денес има повеќе маченици отколку во првите векови на Црквата, поттикнувајќи ги верниците да не се плашат од неразбирање и прогонствата.

Срцето на безумникот одделувајќи се од Бог сака да е господар на религијата и верата. Папата Фрањо ја разви својата хомилија од текстот од книгата Мудрост Соломонова од денешното прво читање (Мудрост 2,1.12-22). Потоа забележува дека на Исус противниците му поставуваат замки, го клеветат, шират негативни гласини. Како да „готват“ уништување на Праведникот. Го прават тоа затоа што Тој се противи на нивните дела, „тој ни пречи и се противи на делата наши; нѐ прекорува за гревовите против законот, нѐ хули за нашите гревови и за нашето воспитание.“ (Мудрост 2,12)

Во текот на целата историја на спасение, рече Папата, пророците биле прогонувани, а Исус истите зборови им ги упатува на фарисеите. Секогаш, „во историјата на спасението, во времето на Израел, па и во Црквата, пророците се прогонувани“. Пророците се прогонувани затоа што пророците предупредуваат: „Сте го згрешиле патот! Вратете се на Божјиот пат!“ А тоа не им се допаѓа на оние „кои владеат на погрешен начин“.

„Денешното Евангелие е јасно, нели? Во тие последни денови, Исус се сокрива, затоа што уште не дошол неговиот час, но Тој знаел како ќе заврши, каков ќе биде неговиот крај. Исус е прогонуван од самиот почеток: да се сетиме како на почетокот на јавното делување по враќањето во своето место кога отишол во синагогата да прорповеда. Веднаш тоа, после големото воодушевување започнале гласините: „Ние знаеме од каде е тој човек. Тој е еден од нас. Со каква власт тој нѐ поучува? Каде студирал? Го дисквалификувале! Истата приказна, нели? Ние сите знаеме од каде е тој човек! А Христос кога ќе дојде, нема да се знае од каде доаѓа! Дисквалифицирање на Господ, отфрлете ги пророците за да му се одземе авторитетот! (Ив 7, 1-2.10.15-25)

Го отфрлиле, додаде, „затоа што Исус од таа затворена верска средина сам излегол и ги изведувал луѓето надвор, надвор од кафезот.“ Пророкот, додава Папата, „се бори против човек кој го затвора Светиот Дух во кафез. Затоа е прогонуван: секогаш!“ Пророците главно „се прогонувани или несфаќани, оставени на страна. Не им даваат простор!“ И тоа не завршило со „Исусовата смрт и воскресение, туку продолжило во Црквата! Прогонети однадвор и прогонети одвнатре!“ Читајќи ги животите на светци согледуваме „колку се несфаќани, колку прогонства трпеле светците“, затоа што биле пророци.

„И многу мислители во Црквата биле прогонувани. Мислам на еден конкретно, човек со добра волја, вистински пророк, кој од неодамна во своите книги ја прекори Црквата дека се одделува од Божјот пат. Веднаш е повикан, неговите книги се ставени во индексот, му ја одземале катердата, и тој човек така го завршува својот живот. После некое време – прогласен е за блажен! Како е тоа можно, до вчера еретик, а денес блажен? Вчера тие на власт сакале да го замолчат затоа што не им се допаѓало она што го зборува. Денес, Црквата која фала Му на Бог знае да се покае, вели: Не, овој човек е добар!“ И повеќе од тоа, тој е на патот на светоста: тој е блажен!“

„Сите луѓе кои Светиот Дух ги избрал да ја зборуваат вистината на народот Божји трпат прогонства.“ А Исус е вистински пример и слика за тоа. Господ ги преземал на себе „сите прогонства на својот народ.“ И денес, додава Папата, христијаните се прогонувани. Се осудувам да кажам дека денес можеби има исто толку или уште повеќе маченици отколку во првите векови на Црквата, затоа што во ова световно, инертно општество кое не сака да се соочи со проблемите „ја зборува вистината, го навестува Исус Христос“.

„Во некои краеви во светот постои смртна казна или казна затвор за поседување Евангелие, за поучување веронаука. Ми раскажуваше еден католик од една таква земја, како таму е забрането заедно да молат. Забрането е! Смеат да молат единствено сами, потајно. А ако сакаат да слават Евхаристија? Прават роденденско славење, глумејќи дека слават роденден, слават евхаристија пред славењето. Кога гледаат дека доаѓаат полицајци веднаш се сокриваат и „На здравје! На здравје! Честитам! И продолжуваат со славењето. Кога полицајците си заминуваат, ја завршуваат евхаристијата. Мора така да прават затоа што заедничката молитва е забранета. И тоа денес!“

Прогонствата се „Господовиот пат, патот на неговите следбеници.“ Но, додава, тој пат „завршува секогаш со Господ: со Воскресение кое настапува после Крстот!“ Папата Фрањо потоа спомна за отец Матео Ричиа, евангелизатор во Кина, кој „не бил сфаќан, ниту го разбирале. Но тој бил послушен како Исус!“ „Секогаш ќе има прогонства, неразбирања! Но, Исус е Господ, а ова е предизвик и крст на нашата вера!“ Нека Господ ни „даде милости да продолжиме по неговиот пат, па и ако се случи крст на прогонство“, заврши папата Фрањо.

Лаудато/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот