Од проповедта на Папата: Треба да служиме без да бараме нешто за возврат

Потребно е секогаш да се бориме против искушенијата кои нè одделуваат од служењето на ближниот, рече папата Фрањо на светата Литургија на 11 ноември во капелата на домот Света Марта. Папата нагласи дека и ние како Исуса треба да служиме, без да бараме нешто за возврат и рече дека службата не смее да се присвои и да се претвори во структурна моќ.

Зборувајќи за тоа што значи за христијанинот да служи, Папата како појдовна точка го зема денешниот евангелски дел за бескорисната служба која – откако се вратил дома од целодневната работа, наместо да се одмори треба уште да му служи на својот господар. Некои би советувале за таа служба да оди во синдикатот и да бара совет, што да правам со таквиот господар, но Исус вели: „Не, служењето е потполно, бидејќи таков бил и Неговиот пат. Исус е слуга, Он се претстави како слуга, Оној Кој дојде да служи, а не да му служат – истакна Светиот Отец, заклучувајќи дека верата на патот на служењето прави чуда.

Христијанинот го прима дарот на верата на крштението, но ако не напредува со тој дар во служењето станува христијанин без сила, јалов и конечно може да стане христијанин кој си служи на самиот себе, а тоа е тажен пат, отфрлање на Господовиот дар. Папата понатаму истакна дека не можеме да служиме на двајца господари: служиме или на Бог или на богатството, а ставот на служењето се одделуваме така што напочетокот стануваме мрзеливи.

Мрзеливоста нè одделува од служењето и нè води до сопственото угодување, егоизам. Има многу такви христијани… Добри се, одат на Литургија… Но служењето им е во прашање – без разлика дали станува збор на обожавање, молитва или служење на ближниот. Треба да служиме до крај бидејќи Исус тоа јасно го кажува: „Па така и вие, кога исполните сè, што ви е заповедано, речете: Ние сме слуги негодни! – тоа е бесплатното служење, без да бараш ништо за возврат.

Друга можност за одделувањето од ставот на служењето е да се поставиш за господар на ситуацијата – а тоа е искушението во кое се нашле и самите Исусови ученици. Го земале Господовото време, ја земале Господовата моќ и ги сакале за себе. Се поставиле за господари на службата и ја претвориле во структурна моќ – рече Папата. Тоа е видливо и во нивните расправии за тоа кој е најголем, како и во молбата на мајката на Иван и Јаков за нејзините синови Исус да ги стави на првите места. Тоа се случува и денес кога христијаните ќе станат господари: господари на верата, господари на Царството, господари на спаението. Тоа е искушение за сите христијани – рече Светиот Отец. Но, Исус ни зборува за служење во понизноста, служење во надежта; тоа е радоста на христијанското служење.

Потребно е да се бориме против искушенијата кои нè одделуваат од тој став: мрзеливоста која нè води до сопствено угодување; делумно служење; искушението да загосподариш со ситуацијата, слугата да стане господар – што води во горделивост и прави да се правам важен „бидејќи сум христијанин, бидејќи имам спасение“. Нека Господ ни ги подели овие две големи милости: понизност во служењето, за на крајот да можеме да кажеме: Слуги сме негодни – но служиме, сè до крај“ и надежта во конечното појавување на славата Господова – порача на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот