Од проповедта на Папата: Спасението е бесплатен дар Божји

Бог оди со нас за да ни го омекне срцето – рече папата Фрањо во проповедта на 26 март на светата Литургија, која на празникот Благовест ја славеше во капелата на домот Света Марта, истакнувајќи дека со понизно срце – како што било на Марија– можеме да се приближиме до Бог. Спасението ниту се купува ниту се продава: спасението е дар – рече Светиот Отец.

Каде нѐ води гордоста во срцето? Папата во проповедта говореше за Адам и Ева кои подлегнувајќи на заводливоста на сатаната, поверувале дека се како Бог. Таа „доволна горделивост “ направила да бидат истерани од Рајот. Но Бог на патот не ги остави сами; им вети спасение и ги следи. Бог на тој долг пат го следи човештвото. Го направи свој народ. Оди со нив. А тој пат, започнат со непослушност, завршува со послушност – Богородичното „ДА“ – Навестувањето на ангелот. А јазолот кој со својата непослушност го сврза Ева – Марија со својата послушност го разврза – рече Папата парафразирајќи го свети Иринеј Лионски. На патот по кој човештвото оди се множат прекрасните Божји дела – рече папата Фрањо.

Бог чекори со својот народ. Зошто така внимателно оди со својот народ? За да го омекне неговото срце. Тоа изречно го вели Бог: „Од твоето камено срце ќе направам срце од месо.“ Бог сака да го омекне нашето срце за да може да го прифати ветувањето дадено во Рајот. Гревот во светот влезе преку еден човек; а преку друг влезе спасението. Овој втор пат на сите нас ни помогна да го имаме Бог блиску, до човечкото срце кое не е горделиво, ниту самодоволно – рече Светиот Отец.

Денес Литургијата ни говори за „обнова на тој пат“, ни говори за покорување, за послушност на Словото Божјо. Спасението не се купува, ниту се продава: се дарува и е бесплатно! Не можеме сами да се спасиме: спасението е целосно бесплатен дар. Но спасението, за да може да влезе во нас, бара понизно, меко и послушно срце, како што било на Марија. Пример на ова спасителско одење е самиот Божји Син кој „не се држи љубоморно до својата еднаквост со Бог“. Тоа го вели свети Павле – истакна папата Фрањо.

Папата го истакна „патот на понизноста и понижувањето“. Тоа едноставно значи да признаеш: јас сум човек, а Ти си Бог, и во Божјата присутност оди напред, со срце послушно и понизно. И затоа денес го славиме овој ден: празник на одењето од една до друга мајка, од еден до друг татко:

Денес можеме да го прегрнеме Отецот кој, благодарение на крвта на својот Син стана еден од нас за да нѐ спаси. Тој е наш Отец и нѐ очекува секој ден… Да ги погледнеме Адам и Ева; да ги погледнеме Марија и Исус; да размислуваме за Марија и Исус; да размислуваме за патото кој Бог го помина во ситоријата; со Бог којоди зад својот народ и да речеме: „Благодарам! Благодарам, господи, бидејќи денес ни кажуваш дека ни подари спасение“. Денес е ден за да му благодариме на Господ – заврши Светиот Отец

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот