Од проповедта на Папата: „Соединети со Исус не сме безимени острови!“

„Христијанинот е човек или жена кој знае да го чека Исус и затоа е со надеж“, рече папата Фрањо на светата Литургија на 21 октомври во домот Света Марта. Христос со својата жртва од нас направи пријатели, ближни кои се во меѓусебен мир.

Христијаните се луѓе кои знаат да чекаат и исчекувајќи негуваат цврста надеж. Христијаните се народ кој Исус го обедини над секое „непријателство“, народ на кој Тој самиот му служи и на кој му дарува име. Размислувањето на Папата тргнува од Евангелието по Лука (12,35-38) и Посланието на свети Павле до Ефесјаните (Еф 2,12-22). Во разговорот со учениците Христос се споредува со Господарот што доцна се враќа од свадба и ги нарекува „блажени“ оние слуги кои будно го чекале со запалени светила. Следува сцената во која Исус сам служи на своите слуги, послужувајќи им ручек на масата.

Папата Фрањо забележува: првото служење кое Учителот го прави на христијаните е тоа што им даде „идентитет“. „Ние без Христос немаме идентитет“. Потоа ја продолжи својата проповед надоврзувајќи се на зборовите кои Павле ги упати на паганите: „Помнете вие дека во она време бевте без Христа, отстранети од општеството на Израилот“ – „Исус дојде за да ни даде идентитет, припадност на народот, име, презиме.“ Така од „непријатели без мир“, рече папата Фрањо, „Христос нè обедини“ „со својата крв“ „рушејќи го ѕидот кој разделува“.

„Кога не сме во мир со луѓето, постои ѕид – тоа сите го знаеме. Постои ѕид кој нè дели. Но, Исус ни нуди тој самиот да го сруши тој ѕид за да можеме да го сретнеме. А ако сме разделени не сме пријатели, непријатели сме. Направи и повеќе како сите би ги помирил со Бог. Нè помири со Бог: од непријатели нè направи пријатели, од странци –синови“.

Од „луѓе од улица“, од луѓе кои не биле ниту „гости“ нè направи „сожители на светиите и свои на Бога“, се зборовите на Свети Павле. Исус со своето доаѓање тоа го создава. „Но, кој е условот?“ прашува папата Фрањо. „Да го чекаме“, да го чекаме како што слугите го чекаат својот господар.

„Чекај го Исус. Кој не го чека Исус, не му отвора на Исус, не му дозволува да го направи тоа дело на мирот, заедништвото, народ и повеќе од тоа: именување. Ни дава име. Нè прави деца Божји. Тоа е ставот на очекување на Исус внатре во христијанската надеж. Христијанин е човек или жена на надеж, знае дека Господ ќе дојде. Навистина ќе дојде, нели? Не знаеме во кој час, како ниту овие слуги. Не го знаеме часот, но ќе дојде, ќе нѐ посети, но не како изолирани непријатели, не. Ќе нè посети какви што нѐ напрви по своето служење: како блиски пријатели во мир.“

Овде христијанинот може да си постави уште едно прашање: како го очекувам Исус? А пред тоа: го чекам или не?

„Верувам ли во таа надеж, дека Тој ќе дојде? Имам ли отворено срце, за да го слушнам звукот, кога ќе зачука на вратата, кога ќе ја отвори вратата? Христијанинот е човек или жена кој знае да го чека Исус и затоа човек и жена на надеж. Спротивно од тоа, паганинот го заборава Исуса – а често и ние христијаните се однесуваме како паганите: паганинот мисли на себе, на своите проблеми, не го чека Исус. Паганинот е егоист се однесува како Бог: Јас сум си доволен. А тоа завршува лошо, без име, без блискост, без припадност на народот“, заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот