Од проповедта на Папата: Простувањето во нашето срце донесува мир и во светот

Треба да простиме за да најдеме милосрдие: простувањето во нашето срце донесува мир и во светот – истакна Светиот Отец во проповедта на 17 март во капелата на домот Света Марта.

„Бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец небесен“, коментирајќи ги овие Исусови зборови, Папата рече дека милосрдието не може лесно да се сфати, бидејќи сме навикнати да судиме: „не сме луѓе кои спонтано даваат простор на разбирањето и милсрдието“. За да бидеме милосрдни, треба да се познаваме себе си и да се биде широкограден – забележа Папата.

Треба да се биде свесен за своите гревови и за нив да се каеме, бидејќи сите сме грешници. Кога се каеме Божјата праведност се преобразува во милосрдие. Од своите гревови треба да се срамуваме – истакна Папата.

Вистина е дека никој од нас нема убиено, но секој ден грешиме. Кога некој мисли: „Ох колку ли сум беден: згрешив против Господ и поради тоа се срамува, тогаш тоа е милост; да се срамуваме пред Господ е милост; милост е да се признаат гревовите. ’Грешник сум и се срамувам пред тебе, Боже, те молам за простување’. Тоа е едноставно, но тешко е да се признае дека ’направив грев’ – рече Светиот Отец.

Често пати својот грев го оправдуваме обвинувајќи ги другите, како што тоа го правеа Адам и Ева. Можеби некој друг ми помогна, ме поттикна, но јас го направив тоа, рече Папата. Ако правиме така, тогаш многу работи ќе станат добри, бидејќи ќе бидеме понизни. Ако сме понизни, тогаш ќе бидеме и милосрдни, бидејќи и самите сме го искусиле Божјот милосрдие, како што молиме во ’Оче наш’: прости ни, како што и ние простуваме. Ако не простувам, тогаш не сум во игра – рече папата Фрањо.

За да бидеме милосрдни мораме да го отвориме срцето, бидејќи тесноградно срце не може да биде милосрдно. Отворете го срцето! ’Гледај што направи овој или оној!’… Јас многу направив. Кој сум јас да судам? Кој сум јас да го осудувам. Кој сум јас за тоа да разјаснувам? Кој? Кој сум јас… бидејќи и јас го правам истото или дури уште полошо? Отворено срце! А Господ вели вака: „Не судете и нема да бидете судени! Не осудувајте и нема да бидете осудени! Простувајте и ќе ви се прости! Дајте и ќе ви се даде!“ Тоа е отворено срце – рече Папата додавајќи:

А што ќе ви се даде? Мера добра, набиена, натресена и преобилна ќе се истресе во вашите прегратки или престилка. Тоа е слика за луѓето кои порано со престилка земаа жито, а престилката ја шират за да добијат повеќе жито. Ако имаш отворено срце, ќе примиш повеќе – поттикна папата Фрањо. Големото срце простува, не осудува, туку заборава, бидејќи „Бог ги заборави моите гревови“. Бог на мене ми прости. Треба да се отвори срцето. Тоа е многу убаво – истакна Папата.

Бидете милосрдни! Милосрдните луѓе имаат отворено срце: секогаш им простуваат на другите и размислуваат за своите гревови. Дали видовте што направи овој? Праша Папата додавајќи: ’Преокупиран сум со она што јас го правам и не се мешам!’ Тоа е патот на милосрдие за кое треба да молиме. На тој начин сите ние: народи, семејства, луѓе ако така се однесуваме во нашите срца и во светот ќе завладее мир. Милордието нѐ вовеведува во мир. Секогаш се потсетувајте: ’Кој сум јас да судам?’ Да се срамуваме и да го отвориме срцето. Господ нека ни ја дарува таа милост – посака Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот