Од проповедта на Папата: Не постои христијанство без Крстот

Не постои христијанство без Крстот – рече Папата во проповедта на светата Литургија на 8 април во капелата на домот Света Марта, истакнувајќи дека сами не можеме да се ослободиме од својот грев, напомнувајќи дека Крстот не е олтарски украс, туку таинство на Божјата љубов.

Папата во проповедта се осврна на првото литургиско читање од Книгата Броеви кое зборува за мрморењето на народот против Бог и Мојсеј, размислувајќи за смртта во грев. Кога Бог меѓу народот испрати змии, народот го призна својот грев и побара знак на спасение – рече Папата додавајќи дека Исус во денешното Евангелие, ги предупредува фарисеите: „Во својот грев ќе умрете.“

Не постои можност сами да излеземе од својот грев. Книжниците, учители на Законот, во тоа немале јасно сфаќање. Верувале во Божјото простување, но се чувствувале силни, самостојни, сѐ знаеле. Верата, во поклонување на Бог на крајот ја претвориле во култура: вредности, размислување, во заповеди за владеење, да бидат воспитани, а мислеле дека Господ така може да прости, го знаеле тоа, но, во тоа отишле предалеку – рече папата Фрањо.

Бог во пустината, потсети Папата, му заповеда на Мојсеј да направи змија и да ја стави на стап; а кога змијата ќе гризне, ако гледа во змијата на стапот ќе остане жив. А што е таа змија? – праша Папата. Змијата е знак на гревот, како што веќе видовме во Книгата Битие: змијата ја завела Ева ѝ го понуди гревот. А Бог испраќа гревот да се издигне како победничко знаме – објасни Папата.

Ова не е целосно јасно, ако не го сфаќаме тоа што Исус го зборува во денешното Евангелие. Исус и вели на Евреите: Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе дознаете дека сум Јас. Во пустината на стапот е воздигнат гревот, но тој грев бара спасение, затоа што оздравува. Ќе биде воздигнат Синот Човечки, вистинскиот Спасител – истакна Папата.

Христијанството не е филозофска наука, ниту програма за преживување, ниту воспитна или миротворна програма: тоа се последиците. Христијанството е Личност, Личност издигната на Крстот, која се поништила Себе си за да нѐ спаси нас; се направила грев. Како што во пустината е издигнат гревот, така овде е издигнат Бог, кој заради нас стана човек и грев. Сите наши гревови тука се распнати. Христијанството не може да се сфати, ако не се сфати длабоко понижувањето на Синот Божји, кој се понижи самиот Себе станувајќи слуга – сѐ до смрт, до смрт на Крстот, за да служи – објасни папата Фрањо.

Затоа апостол Павле, кога зборува со што се фали, а тоа можеме да го кажеме и за себе, со што се фалиме, вели: со своите гревови. Ние немаме со ништо друго да се гордееме, тоа е нашата беда – рече Папата додавајќи – на страната на Божјиот милосрдие, се гордееме во распнатиот Христос. Затоа не постои христијанство без Крстот; и не постои Крст без Исус Христос – истакна Светиот Отец.

Срцето на Божјото спасение е: Божјиот Син Кој на себе ги зема сите наши гревови, нашите гордости, сигурности, суети, нашата желба да станеме како Бог. Затоа, ако христијанинот не знае да се фали со распнатиот Христос, тогаш не сфатил што значи да се биде христијанин – рече Папата, додавајќи дека нашите рани, кои гревот ги остава во нас, оздравуваат по Господовите рани, по раните на Овоплотениот, понижениот поништениот Бог. Ова е таинството на Крстот – истакна папата Фрањо.

Крстот не е украс кој постојано треба да го држиме во своите цркви, на олтарот. Не е симбол кој нѐ разликува од другите. Крстот е таинство; таинството на љубовта на Бог кој се понижува самиот Себе, Кој се понишува; станува грев. Каде е твојот грев? – праша Папата – Не знам, ги имам многу. – Не твојот грев е таму, на Крстот. Оди таму и побарај го во Господовите рани и ќе оздравиш од својот грев; твоите рани ќе бидат исцелени, твојот грев простен. Простувањето кое ни го дава Бог не е бришење на долгот кој го имаме кон Него: Простувањето дарувано од Бог се Раните на неговиот Син издигнат на Крстот. Нека Тој нѐ привлече кон Себе; и да му дозволиме да нѐ оздрави – посака Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот