Од проповедта на Папата: „Без Црквата не можеме да одиме напред“

Како што без Марија не би Го имало Исус, така ниту „без Црквата не можеме да одиме напред“, е централната мисла на папата Фрањо на светата Литургија на 15 септември во домот Света Марта, на празникот Блажена Дева Марија Жалосна. Литургијата – како што ни покажа прославениот крст, нè насочува кон кротката и понизна Мајка. Во Посланието до Евреите „Павле нагласува три силни зборови: вели како Исус „учел, слушал и страдал“. Тоа е спротивно од она заради кое што паднал нашиот праотец Адам кој не сакал да научи што Господ заповедува, не сакал ниту да страда, ниту да слуша. Исус, напротив, иако е Бог, се поништува, се намалува станувајќи слуга. Тоа е славата на Исусовиот крст.“ – рече Светиот Отец и продолжи:

„Исус дојде на светот… за да биде човек и да биде со луѓето на нивниот пат; дојде на светот за да биде послушен. Но, таа послушност ја научил од страдањето. Адам излегол од рајот со едно ветување – ветување кое ќе се протега низ толку векови. Исус со својата послушност и со поништувањето на самиот себе, го исполнува тоа ветување и Божјиот народ оди со сигурна надеж. И Мајката „новата Ева“ учествува на патот на Синот: „учи, страда и слуша“ – рече Папата, потсетувајќи како Исус во подножјето на крстот ни ја дава Марија за мајка.

„И тоа е исто така нашата надеж: не сме сираци, туку имаме Мајка. Мајка Марија но и Црквата која е мајка оди по истиот пат на Исус и Марија: по патот на послушноста, страдањето со траен став за покорност на патот Господов. Овие две Госпоѓи – Марија и Црквата – ја пренесуваат надежта која ни ја даде Христос… Без Марија не би бил Исус Христос; а без Црквата не можеме да одиме напред“ – објасни папата Фрањо.

„Две Госпоѓи и две Мајки“ – продолжи Папата – и покрај нив нашата душа која според зборовите на монахот Исак, опат на манастирот Стела е „женски род“ и е како Марија и Црквата. „Денес гледајќи на крстот на Богородица постојано во наследувањето на Својот Син во страдањето за да научи да слуша, ја гледаме нашата Мајка. Со тоа гледајќи ја нашата мала душа која никогаш не се губи ако наликува на овие две големи госпоѓи кои нè следат во животот: Марија и Црквата“. И како што од рајот праотецот (Адам) излегол со ветување, „денес можеме да одиме напред со надеж: надежта која ни ја дава нашата мајка Марија, постојано под крстот и нашата Света мајка Црква хиерархиска“ – заврши папата Фрањо во игнацијски тон.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот