Одржан првиот ден од манифестацијата „IV Денови на Свeта Мајка Тереза“

Одржан првиот ден од манифестацијата „IV Денови на Свeта Мајка Тереза“

Во скопската парохија Пресвето Срце Исусово и оваа година на 3 септември во рамките на духовно-културната манифестација IV „Денови на Света Мајка Тереза“ кои траат од 3 до 5 Септември 2019 гоидина, одражана е иницијативата Љубов на дело.

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов во придружба на младите волонтери од скопската парохија и Македонскиот Каритас ги посетија семејствата во Скопје кои живеат во крајна сиромаштија. Тоа беа средби каде семејствата не ја криеја својата радост за посетата на нивните скромни домови. Исто така, и тие моменти на посета покажаа сиромаштво кое има повеќе лица, и беше прилика своите животни потешкотии поради сиромаштвото и болеста да ги поделат со драгите гости.

Секое од посетените семејства беше изненадување за бискупот и неговата придружба, бидејќи во секоја средба можеше да се доживее човечкото срце. Трогателен гест беше кога две сестри од својот двор на бискупот и неговата придружба им подарија по една роза во знак на благодарност, а уште поголема радост беше кога со искрено и понизно срце посведочија дека се оддалечиле една од друга веќе подолго време, а овој ден преку посетата на бискупот бил и повикот да си пружат рака на помирување.

Доставувајќи им на сите хуманитарна помош која е дар од Каритас, средбите завршија со молитва, после која не се криеше радоста поради посетата на бискупот и зборовите кои тој им ги упати.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот