Одржан е состанок на Кардиналскиот совет

Одржан е состанок на Кардиналскиот совет

Во четврток, 6 мај 2021 година, се одржа состанок на Кардиналскиот совет преку интернет врска поради здравствената состојба, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата Фрањо го следеше состанокот од Домот Света Марта, а му се придружија од нивинте земји другите членови на Кардиналскиот совет, кардиналите: Оскар А. Родригез Марадијага, Рајнхард Маркс, Сеан Патрик О’Малеј, Освалд Грацијас и Фридолин Амбонго Бесунгу. Кардиналите Пиетро Паролин, Џузепе Бертело и секретарот на Кардиналскиот совет, бискупот Марко Мелино беа поврзани од Ватикан.

По поздравувањето на папата Фрањо, се дискутираше за некои актуелни прашања, а кардиналите ја презентираа состојбата во нивните региони, економските и социјалните последици од пандемијата „Ковид-19“ и разговараа за посветеноста на Црквата за здравјето, економско закрепнување и поддршка на најсиромашните .

Откако ја разгледаа моменталната состојба во нивните региони, членовите на Кардиналскиот совет се посветија на новата апостолска конституција за Римската курија. Кардиналите дискутираа за методологијата на работа што ќе треба да се примени за да се ревидираат и корегираат некои нормативни текстови откако новиот документ ќе стапи на сила.

Следниот состанок на Кардиналскиот совет е закажан за јуни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот