Во Петралинци се одржа предавање за Каритас

На 5 јули во парохиската сала при парохијата Свети Кирил и Методиј – Петралинци, на покана од парохот о. Ѓорги Појразов, беше одржано предавање на тема: Идентитетот на Парохискиот Каритас. Предавањето го одржа Спасе Спасов, координатор на Македонски Каритас.

На самиот почеток парохот о. Ѓорги го поздрави координаторот на Македонски Каритас како и присутните и изрази благодарност за интересот да бидат дел од оваа средба, како и за нивната волонтерска ангажираност во парохијата.

Предавањето, кое пред сè ја потенцираше потребата од каритативно делување во секоја парохија, ги поттикна волонтерите да продолжат понатаму со волонтерската ангажираност за доброто на ближните.

На крајот од средбата, присутните разменија мислења и искуства,

к.мк/о. Ѓ.П

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот