Одложени Светската средба на семејства и Светскиот ден на млади

Одложени Светската средба на семејства и Светскиот ден на млади

Со оглед на моменталната здравствена ситуација, папата Фрањо заедно со Дикастеријата за лаици, семејство и живот, одлучи за една година да ја одложи Светската средба на семејствата и Светскиот ден на млади, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Светската средба на католичките семејства планирана за летото 2021 година во Рим ќе се одржи во јуни 2022 година. Светскиот ден на млади кој треба да се одржи во Лисабон летото 2022 година ќе се одржи во август 2023 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот