Одбележан денот на болни во Скопје

Одбележан денот на болни во Скопје

Со реченицата ,,Драги млади, сакајте ги вашите претци” во саботата на 15 февруари 2020 започна одбележувањето на Денот посветен на старите и болни лица во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје.

Програмата, подготвена од волонтерите во Македонски Каритас во соработка со Дон Давор, започна со пригодна песна посветена на застапничката на болните  – Мајка Божја Лурдска.

Светата Литургија ја предводеше бискупот Киро Стојанов, а претходно се молеше Света Бројаница и имаше можност и за Света Исповед. За време на светата Литургија на болните им беше поделена светата Тајна елеопомазние на болните.

Во својата проповед бискупот Стојанов рече: „Гледајќи ве вас, кои што сте денес собрани во оваа наша катедрала, како и оние болни и немоќни што се наоѓаат во своите домови, по болниците или домовите за стари лицаи, чувствувам како Исус на посебен начин е присутен во вас и како излегува во пресрет да ве охрабри и утеши”.

Средбата заврши со заедничко агапе во парохиската сала.

Кирил Стојанов/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот