Овој род се истерува со молитва и пост

Овој род се истерува со молитва и пост

Размислување според Евангелието по Матеј 17,14-23, наменето за Десета недела по Педесетница

Исус им дарува на дванаесетте, а подоцна и седумдесетте, моќ и власт над демоните и болестите; ги испраќа да ги лекуваат болните и да го проповедаат Царството Божјо. „Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: „Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.” (Лука 10,17). Меѓутоа, во случајот за кој ни зборува денешното неделно Евангелие, учениците на Исус биле немоќни: не можеле да го излечат момчето, кое честопати се фрлало во оган, честопати во вода. Христос им ја објасни причината: Заради вашето неверие. Што се однесува до овој род на демон, тој се истерува само со молитва и пост.

Верата, молитвата, постот се средствата што ни даваат моќ над демоните.

Исус, Синот Божји, постеше четириесет дена, честопати ноќе молејќи му се на Небесниот Отец. Во Проповедта на гората, Христос учи каква треба да биде нашата молитва и пост, нѐ учи на Господовата молитва, Оче наш. Во параболите, Исус поттикнува на упорна молитва и уверува дека Господ нема да се двоуми да им помогне на Неговите избраници (сп. Лука 18,1-8). Ако самиот Син Божји постел и се молел, тогаш и Неговите ученици мора да го прават истото.

Светите Отци, исто така, нѐ учат многу за молитвата и постот. Свети Иван Златоуст вели: Рикањето на лавот не може да ги изгони ѕверовите, како што може молитвата да ги изгони ѓаволите. Тој кажа само збор и тие исчезна. Свето Ефрем Сирин поучуваше: Без пост и молитва, никој не може да го победи злобниот.

Молитвата и постот нѐ приближуваат до Бога, ни ја откриваат вистината за Него и за нас, ни откриваат дека сме слаби и немоќни, дека не можеме сами да се спротивставиме или да се бориме против злото. Признавањето на мојата беспомошност, признавањето дека Господ е мојата сила, ми помага да се спротивставам на злото.

Имаме моќно оружје против нашиот непријател: молитва и пост. Меѓутоа, овие работи нема да имаат моќ без вера. Без вера, молитвата може да се претвори во одредена вежба или навика, постот во диета. Денес го молиме Господ за дар на верата, благодат за истрајност во постот и молитвата.

Кредо/к.мк

Категорија: Вера, Проповеди

За авторот