Објавен списокот на учесници на Синодата за Амазонија

Објавен списокот на учесници на Синодата за Амазонија

Посебно генерално собрание на Епископската Синода ќе се одржи во Ватикан од 6 до 27 октомври, посветено на тема ,,Нови патеки за Црквата и за  целосната екологија”На 21 септември, канцеларијата за печат на Светиот Престол објави список на учесници кои ќе се соберат во Рим на 6 Октомври 2019 година, а пред неколку дена, на почетокот на Септември, Папата назначи три кардинали: Од Венецуела Порас Кардозо, од Перу Барет Химен и Бразилецот Браза де Авиз – како овластени претседатели на синодата која е под директна надлежност на Светиот Отец.

Овој важен црковен, како и граѓански и еколошки проект, ќе му зборува на светот за територија која опфаќа девет држави, населена со 34 милиони луѓе, од кои повеќе од три милиони се домородни, кои потекнуваат од повеќе од 390 етнички групи.Токму животот на овие зелени бели дробови на нашата планета ќе бидат во срцето на работата што ја посакува папата Фрањо, како што е истакнато во работниот документ на синодата, објавен на 17 јуни годинава.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот